Пред очите на Доналд Трамп, Џон Џонс го разби Стипе Миочиќ и му ја заврши кариерата

Ветеранската битка која што се чекаше повеќе од една година конечно се оствари. Во Њујорк во спектаклот УФЦ 309 се бореа големите шампиони Џон Џонс и Стипе Миочиќ. Џонс победи и на крај направи шоу со Доналд Трамп кој седеше во прв ред.

Пред повеќе од 20.000 гледачи во култната сала „Медисон Сквер Гарден“ жителите на Њујорк гледаа сјајна борба во која апсолутна доминација имаше помладиот и фаворитот во овој дуел.

Триесет и седум годишниот Џон Џонс се врати во октагон после триумфот над Сирил Ган во март 2023-та. Тогаш страшниот Џонс практично дебитираше во тешка категорија: три години се спремаше за новата тежина и го декласираше Ган во првата рунда.

После тоа во есента 2023-та Џонс планираше борба за титулa против големиот Стипе Миочиќ но поради повреда на мускул Џонс се повлече од борбата и ја одложи на пола година.

Ако Џонс со 37 години се смета за ветеран, Миочиќ е пет години постар. 42-годишниот поранешен светски шампион немаше борба повеќе од три години - од март 2021-ва кога го изгуби шампионскиот појас после поразот од ѕверот Франсис Нгану.

Миочиќ во меѓувреме продолжи со работатас како активен пожарникар во полно работно време а во слободно време тренира. Стипе пред борбата се појавил во рекордна тежина за себе - повеќе од 113 килограми.

Ова беше борба на легенди на УФЦ кои одамна го поминаа својот пик. Миочиќ не се бореше четири години а Џонс претходно три години од 2020 до 2023. Во тешка категорија нов херој стана Том Аспинал кој чекаше овие ветерани да одат во пензија за да го добије постојаниот шампионски појас.

Пред борбата Џонс пред неколку дена се скара со Миочиќ и не сакаше да му подаде рака на пружена рака. Наводно конфликтот почнал откако Џонс слушнал како Стипе го навредува и го нарекува кучка пред борбата а притоа наводно спомнал нешто и за децата на Џонс. Миочиќ подоцна рекол дека никогаш не ги споменал децата.

Во самиот октагон подоцна Џонс му подаде рака.

Во првата рунда Џонс веднаш презеде иницијатива а Миочиќ изгледаше вон својата препознатлива форма, бавно се движеше, тешко ги поднесуваше ударите, а на втората минута од рундата му дозволи на Џонс и да го собори.

Џонс делуваше многу спремен, во одличен ритам. Менуваше позиции и жестоко ја коирстеше секоја прилика да го нападне Стипе. Миочиќ и покрај сите примени удари остана со чисто лице без посекотини и крв.

ЗАСЛУЖЕНА ПОБЕДА НА ЏОНС НА КРАЈОТ

Во последната минута од третата рунда Џон Џонс го нокаутираше Стипе Миочиќ и го одбрани шампионскиот појас во тешка категорија. Миочиќ после мечот изјави дека ја завршува својата кариера.

Џонс со удар со нога го сруши ривалот, продолжи да му задава удари и го принуди судијата да ја прекине борбата.

„Стипе е реално добар, многу добар. Јас му нанесов толку жестоки удари но тој одеше напред. Тоа те обесхрабрува кога задаваш такви удари а човекот стои пред тебе. Но тој удар во корпусот... Колку и да си силен ќе го почуствуваш.

Сакам да му се заблагодарам на Исус Христот, не можам а да не бидам благодарен за таков дар. Што се однесува до мојата иднина... Решив дека нема да завршам. Имаме планови за преговори со Дана (Вајт), ако сите се сложат, ќе ви дадеме дечки тоа што го сакате.

Имаме варијанти. Да видиме што сакаат Дана Вајт и Хантер (Кембел). Сакам да му изразам и респект на претседателот на САД Доналд Трамп кој е присутен денес тука. САД! САД! САД! Јас сум горд што сум американски шампион-христијанин“.

17 ноември 2024 - 09:20