Капитенот на САД Пулишиќ го шири Трамп танцот

Во реваншот од четвртфинале на Конкакаф Лига на Нации, САД со 4-2 ја совлада Јамајка. Стрелец на првиот гол за домаќините беше фудбалерот на Милан Кристијан Пулишиќ кој го прослави со фамозниот Трамп танц кој го прошири по светот.

„Да, очигледно е дека беше танцот на Трамп. Беше танц кој секој го прави. Тој (Доналд Трамп) го создаде. Помислив ќе биде интересно“, рекол Пулишиќ после мечот. Ги видов сите го прават во НФЛ, го видов Џон Џонс, па решив и ние малку да се позабавуваме“. Овој танц претходниве денови го направија неколку спортисти меѓу кои и УФЦ борецот Џон Џонс по големиот триумф над Стипе Миоичиќ. 

19 ноември 2024 - 07:59