Македонија ги доби Фарски Острови со 1:0 со голот на Бојан Миовски во 62 минута, кој беше стрелец против истиот противник и на пријателската минатата година.
Селекторот Боби Милевски настапи со офанзивна формација, предводена од Миовски, Трајковски и Чурлинов и со капитенот Енис Барди веднаш зад нив.
Деби во сениорскиот дрес забележа Бојан Илиевски. Отсуствуваа Елмас и Муслиу поради повреди.
Сезоната во Лига на нации ги завршуваме успешно, без ниту еден пораз, едно реми и со пет победи во низа. Имаме 16 бода, 10 постигнати голови и само еден примен.
Токму Фарски Острови е единствената селекција која успеа да го совлада Столе Димитриевски, а тоа се случи во првото коло на гости кое заврши 1:1.
Нашите фудбалери ја потврдија доминацијата во групата, обезбедија место во Б лигата и си отворија сериозна шанса за пласман во баражот за место на СП 2026, што ќе биде попрецизно познато по завршувањето на квалификациите.
Дали и како Македонија може до бараж за СП преку Лига на нации?