Лигата на нации пред циклусите за Европско и Светско првенство, воопшто не е иста. Ако за ЕП првопласираните репрезентации од сегментите „А“ „Б“ и „Ц“ играат плеј-оф од 4 репрезентации, од кој едната оди на ЕП, за Светското првенство системот е поинаков.
КАКОВ Е СИСТЕМОТ ЗА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО?
Најдобрите 4 репрезентации од Лига на нации ќе играат бараж.
Но, предност ќе имаат првопласирани од сегментите А и Б, а дури тогаш (доколку сите тие преку квалификации обезбедат директен пласман или бараж) на ред доаѓа најдобрата репрезентација од сегментот Ц.
Во моментов тоа е Романија, поради најдобра гол разлика +9 (Македонија и Шведска имаат +8, но Шведска треба да одигра уште 2 натпревари). Ако и најдобрата репрезентација од сегментот Ц има обезбедено прво или второ место во квалификациите, тогаш е втората, па третата...
Во игра за бараж се само првопласираните екипи и се прави табела меѓу нив, репрезентациите од А лига ќе бидат 1-4 место, од Б ќе бидат 5-8 место. Ние најреално би биле 10-то пласирани во оваа табела (не е исклучено 9-то и 11-то место).
ПРОТИВ Ф. ОСТРОВИ НИ ТРЕБА УБЕДЛИВА ПОБЕДА!!
Факт е дека сите од А лига се меѓу најквалитетните репрезентации и не би било проблем да обезбедат пласман или бараж преку квалификациите, исто Англија се очекува да биде победник на група во Б лигата.
Ако ние сме 10-ти ќе ни треба барем уште една репрезентација од победниците во Б лига да се пласира барем во бараж преку квалификациите (станува збор за квалитетни репрезентации како Австрија Чешка, Турција, иако според моменталниот пласман секако сè уште се можни промени).
Може да се заклучи дека шанси да добие најдобрата репрезентација од „Ц“ сегментот место во баражот за СП - ИМА. Тоа значи дека дуелот против Ф. Острови за Македонија е важен, но освен победата е важно да биде таа убедлива и потоа да чекаме разврска, односно да ни се поклопат другите резултати.