Франција ја преслуша Италија, фантазија од гол на Лук Диње од слободен удар

Италија имаше супер шанса да заврши прва во групата 2 од А дивизија во Лига на нации но на крајот Франција во последното коло славеше 1-3 и излезе пред Италијанците на табелата. Двете репрезентации имаат ист број бодови, ист меѓусебен учинок (Италија исто славеше 1-3 на гости) но Французите имаат подобра гол разлика. Синоќа Адриен Рабио со два гола со глава и Лук Диње со прекрасен гол од слободен удар и две асистенции ги спуштија Итаијанците на второ место.

Сите голови и најинтересни моменти од мечот одигран на „Сан Сиро“ во Милано:

 

18 ноември 2024 - 08:39