Offside

Џани Инфантино планира да основа компанија FIFA Forward Enterprise (FFE) која ќе управува со Светските првенства и да ги продава нејзините акции. На ваквите шокантни сознанија бурно реагираше УЕФА која вели дека во тој случај европските репрезентации ќе ги бојкотираат Мундијалите.

На Ноер многу му се игра со топка

Ќе остане запаметен како еден од најјаките голмани со многу признанија, награди и срушени рекорди. Пет пати е прогласуван за најдобар европски голман и пет пати најдобар светски, заедно со Буфон и Касиљас. Во 2014-та заврши трет во изборот за Златната топка зад Роналдо и Меси. Има 28 трофеи со Баерн и е единствен голман со две тројни круни. Има уште многу за редење, но има една карактеристика по која се двои од сите.

Мика Ричардс доби челинџ „Една минута молчење“

Водителката му најави дека со Анри и Карагер ќе зборуваат за Брест, а тој доби задача да не зуцне една минута. Тоа подразбира и да не се смее, што е уште потешко за него.

Да каже некој сиромав па да разбереш, ама вие?

Навивачите на Баерн Минхен на чија главна трибина зад голот може да видите сè и сешто, од ЛГБТ знамиња па до знамиња за некаков опасен ултрас свет, синоќа извадија неколку навредливи пароли против газдата на ПСЖ, катарскиот шеик Насер Ал-Хелаифи. Пази му замерувале што имал неколку позиции во светот на фудбалот.

Најблиското до Чави

Барселона рутински со 3-0 го совлада француски Брест во 5. коло од Лига на шампиони и ја запоседна втората позиција на табелата со 12 бода колку што има и Ливерпул. Левандовски даде два гола еден Дани Олмо, а на теренот царуваше младиот Педри.

Одиш на НБА натпревар и ти почнува муабет идолот

На таа возраст го гледаш МВП-то само на ТВ и евентуално на постер во соба. Одиш да гледаш Денвер Нагетс - Њујорк Никс и пред сам натпревар токму тој ти пружа рака. Се расплака од возбуда.

Лазар ли е, Меси ли е?

Аталанта игра страшен фудбал. Во синоќешната луда голеада во Лига на шампиони каде имаше две петки, три шестки и една седмица, екипата од Бергамо го згроми швајцарски Јанг Бојс со 1-6. Играч на вечерта во ЛШ беше Белгиецот Шарл Де Кетеларе кој постигна 2 гола а имаше и 3 асистенции. Најубав гол на мечот даде Лазар Самарџиќ кој влезе од клупата за резерви.

Пеп дојде на прес како гребан од мачки

Тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола никогаш во тренерската кариера не се соочил со ваква резултатска криза како периодов. Англискиот шампион влезе во длабока криза со дури 5 порази и 1 нерешен резултат на последните 6 меча по ред. Сити имаше лагодно водство од 3-0 против Феенорд во Лига на шампиони но по катастрофални грешки на играчите прими 3 гола за 14 минути во финишот и испушти 2 златни бода кои може да го чинат понатамошен пласман.

Баерн го доби ПСЖ, Сити е во голема криза

Во првата вечер од 5. коло во Лига на шампиони, Баерн Минхен минимално го совлада ПСЖ во дербито на вечерта, а Атлетико Мадрид, Арсенал и Аталанта ги распарчија Спарта Прага, Спортинг и Јанг Бојс. Манчестер Сити после пет порази во низа, вечерва прими 3 гола од Феенорд на свој терен.

Една од бројните анегдоти со Дуле Вујошевиќ

Големиот Душко Вујошевиќ кој освои еден куп трофеи со кошаркарскиот клуб Партизан, важеше за крајно строг тренер. Под негова палка израснаа еден куп играчи кои подоцна заиграа и во НБА. Еден од нив беше и сјајниот Летонец Давис Бертанс. Тој еднаш раскажал една анегдота со Дуле.

Пикантерии со цимерите Перо и Тоше

Перо Антиќ и Тодор Гечевски беа во емисијата Еден на еден. Дуо кое растури на терен за Македонија и кое раскажува мал милион интересни ствари кои ние не ги гледаме на тв. Босанците им барале да им пуштат на ЕП 2011 за да оделе понатаму. Нејќеле да чујат нашиве. Напротив, ги згазиле.

На Формула 1 во Лас Вегас ја правеле балканската

На неделната трка за Големата награда на Лас Вегас во САД победи Расел од Мекларен а втор беше неговиот со-возач Луис Хамилтон па тимот оствари еден-два победа. Во непосредна близина на патеката се наоѓа и еден трговски центар па љубителите на Формула 1 успеале да најдат фора како преку подвижен лифт - ескалатор да гледаат колку можат да видат.

Невеста на денот

Ако некој реши да се жени во погрешен термин, односно кога тимот му игра дерби, има решение, барем за времето додека се сече тортата.

Фабрицио Миколи: „Еден ден во затвор трае цела вечност“

Култниот италијански шпиц-разбивач Фабрицио Миколи во кариерата играше за дури 9 разни клуба, даваше голови за Јувентус и Бенфика во Лига на шампиони, блескаше во Серија А а на крајот заврши на Малта во клубот Биркиркара. Најпознат беше како капитен на Палермо. Беше и зад решетки.

Нови 2 гола на Кристијано Роналдо во азиската Лига на шампиони

Фудбалерите на Ал Насср славеа убедливо со 1-3 на гости во Катар кај Ал Гарафа во натпревар од 4. коло на Западната регија од азиската Лига на шампиони. Кристијано Роналдо беше играч на мечот со два комада во 46-та и 64-та минута а гол за неговиот тим даде и Анжело во 58-ма минута.

Нико Паз понижи двајца во стилот на Зидан, детето што собира топки занеме

Комо загуби дома од Фиорентина 0:2, а најјакиот дриблинг на мечот и општо ова коло во Серија А е оној на Нико Паз, кој со еден потег исфрли двајца играчи од игра. Аргентинецот има 20 години, а инаку го донесоа од Реал Мадрид. Фабрегас очигледно има голм адут во тимот. 

Перез: Џуд на 21 година има 251 меч, Бекам имаше 54

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез уште еднаш крена глас против сè понатрупаниот календар во фудбалот. Тој изнесе и интересен податок дека на 21 година Џуд Белингем, актуелната ѕвезда на Реал веќе одиграл 254 натпревари додека на времето славниот Дејвид Бекам на 21 година имал 54 натпревари во сезона и далеку многу повеќе време за одмор и релаксација. „После се повредувале, па ќе се повредуваат“, вели Перез.

Најитар кош на истек на време

За време на мечот од квалификациите за Европско првенство меѓу Унгарија и Турција, унгарскиот репрезентативец Адам Ханга на истек на време направи ретко виден потег и итро на 1,3 секунди пред крајот на третиот период постигна важна тројка. Сепак на крајот Турците славеа 76-81.

Кореографија на две трибини за миленикот на „Сент Џејмс парк“

Њукасл загуби дома од Вест Хем 0:2. Натпревар кој ќе се памети по скектакуларната и моќна кореографија на домашните навивачи во чест на Александер Исак.

Да се фатиме за лопата, инаку ќе ја одложат

Навивачите на Цирих не оставаат ништо на случајот. Им се гледа фудбал по секоја цена.

Нереална фудбалска сцена од Узбекистан

Клипов го гледавме повеќе пати, затоа што на прва збунува, иако и понатаму може ќе останете со по некој прашалник. Овие 10 секунди се случуваат сега и повеќе никогаш во ниту еден спорт. Тој што паѓа се вика Мухамедкарим Тоиров, а клубот е ФК Андијан. И тоа се работи за прва лига.

Аргентинец го донел черепот на дедо му на стадион

Неописливиот фанатизам на Јужно-американците за фудбал е извор на многу надреални настани. Во Аргентина извесен Габриел Аранда го носел со него черепот на дедо му Валентин на мечот на Расинг Авеланеда. „Ова е дедо ми Валентин Агилера“, рекол навивач на Расинг откако го бакнал черепот на дедо му по големата историска победа во финале на Копа Судамерикана на Расинг Клуб од Авељанеда против бразилски Крузеиро 3-1. 

Бојан Миовски во тимот на колото со славно друштво од Реал

Македонскиот центарфор ја одигра најдобрата партија откако стапна во елитната шпанска лига и тоа му донесе многу висока оценка и место во топ 11.

Тотален фудбал, чешка верзија

Бохемианс - Дукла Прага, прва чешка лига. Среќа што снимката трае 25 секунди, инаку да е 2 минути, глава ќе ве фркне. Јохан Кројф во гроб се превртува.