Атомски фудбал со 5 гола, Реал Мадрид ја доби битката со Манчестер Сити

Лига на шампиони вечерва го продолжи новиот формат па се одиграа првите натпревари од новиот бараж за пласман во осминафинале. ПСЖ рутински го растури Брест на гости и веќе речиси обезбеди пласман понатаму. Сити и Реал одиграа Луд натпревар со дури 5 гола а на крај славеа „кралевите“ со гол во судиско продолжение. Јувентус го скрши отпорот на ПСВ.

Лига на шампиони, бараж, резултати на први натпревари:

БРЕСТ - ПСЖ 0:3 (0:2)
/Витиња 21' пен., Усман Дембеле 45', 66'/

СПОРТИНГ ЛИСАБОН - БОРУСИЈА ДОРТМУНД 0:3 (0:0)
/Гираси 60', Паскал Грос 68', Адејеми 82'/

МАНЧЕСТЕР СИТИ - РЕАЛ МАДРИД 2:3 (1:0)
/Халанд 19', 80' пен. - Мбапе 60', Браим Дијаз 86', Белингем 90+2'/

ЈУВЕНТУС - ПСВ АЈНДХОВЕН 2-1
/МекКени 34', Ембангула 82' - Иван Перишиќ 56'/

 

11 февруари 2025 - 22:32