Кореографијата на навивачите на Сити за потсмев на Винисиус

Навивачите на Манчестер Сити пред натпреварот со Реал Мадрид кој беше спектакуларен, извадија една „шеталица“ на која имаше фотографија од Родри со наградата Златна топка за најдобар фудбалер на светот за минатата сезона. Тогаш Бразилецот Винисиус беше револтиран и гневен зошто тој не ја освоил. Синоќа Вини Жуниор одигра одличен натпревар и беше избран за играч на мечот кој Реал го доби после пресврт длабоко во судиско продолжение 2:3.

Роди кој доживеа тешка повреда на лигаментите, сè уште е надвор од теренот. Синоќа од трибините и самиот Родри се воодушеви од кореографијата, па извади телефон да снима и слика:

Но на крајот Винисиус им направи „кој последен се смее, најслатко се смее“.

 

Атомски фудбал со 5 гола, Реал Мадрид ја доби битката со Манчестер Сити

12 февруари 2025 - 08:09