Ни тргна денес со кошарка, односно со маестрални забивања на наши деца. Прво имавме можност да се насладиме со Борјан Китановски кој имаше нешто да им покаже на Американците, а сега го имаме Стефан Стојковиќ со скроз луда НБА завршница. Соиграчите се држеа за глава. Се работи за македонскиот второлигаш Водно Санс Партизан. Многу јако забивање.