Голема судиска грешка го потпомогна Интер

Само три дена откако Фиорентина со 3-0 го испраши Интер во преиграниот натпревар откако претходниот беше прекинат на 1-ви декември, синоќа овие два тима повторно се сретнаа меѓу себе. Овојпат на „Џузепе Меаца“ славеше Интер 2-1 со головите на Понграчиќ (автогол) и Марко Арнаутовиќ. Едниот погодок на Интер беше постигнат после корнер кој беше досуден откако топката претходно речиси пола метар беше во гол-аут но судиите направија голем привид.

Најинтересните моменти од натпреварот:

После 24 одиграни кола во Серија А, Наполи е прв со 55 бода, Интер е втор со 54 бода, а Аталанта е трета со 50 бода.

11 февруари 2025 - 08:34