Почеток на нова ера, Дончиќ заигра за Лејкерс а се загреа со Ана Бекута

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Лука Дончиќ заигра за својот нов тим, трофејниот ЛА Лејкерс. Дебитираше против Јута Џез во триумфот на „езерџиите“ 132:113.

Доскорешниот ас на Далас Маверикс на почетокот на овој месец февруари беше трампан во ЛА Лејкерс на иницијатива токму на неговиот поранешен клуб од Тексас.

Лука Дончиќ беше повреден повеќе од еден месец па сега откако се опоравил, доби шанса од тренерот на Лејкерс Џеј-Џеј Редик. Дончиќ одигра 23 минути и постигна 14 поени (5/14 од игра) со пет скока и четири асистенции.

Од прв ред од трибини неговото деби го следеше легендата на Далас Маверикс Дирк Новицки.

Лука на влез во салата беше поздравен со големи овации и аплаузи од навивачите. Интересно, на загревањето, во негов стил, си пуштил музика од овие простори, поточно хит на пејачката на народна музика Ана Бекута:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ESPN (@espn)

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ESPN (@espn)

]

ЛА Лејкерс решил да подари бесплатно маица со бројот и презимето на Дончиќ на грбот за секој еден навивач во салата:

Што се однесува до самиот натпревар, Леброн Џејмс одново беше на висина на задачата и во триумфот 132:113 постигна 24 поени со 7 скока и 8 асистенции. Ефикасен беше и Остин Ривс со 22 поени и 9 скокови.

Во меѓувреме од Лос Анџелес стигна и вест дека Лука Дончиќ донирал 500.000 долари за помош за настраданите и погодените од страшните последици од пожарите кои го зафатија овој дел од САД.

„Беше толку жално да се види и дознае за штетата од шумските пожари кога слетав во Лос Анџелес. Не можам да верувам, жал ми е за децата кои ги изгубиле своите домови, школи и местата на кои играле со другарите. Денес мојата фондација ќе донира 500.000 долари за итно опоравување. Исто сум посветен и на обновување на терените кои се уништени зошто на секое дете му е потребно безбедно место за игра.

На сите погодени од овие пожари: тука сме да ви помогнеме, сега и на долги патеки“, напишал Дончиќ во пораката која што ја потпишал со: „Вашиот нов комшија“.

Лука Дончиќ од мал сакал само кошарка

 

11 февруари 2025 - 08:03