40 поени на Никола Јокиќ, Денвер е во страшна форма

Денвер Нагетс убедливо го растури Портланд Трејлблејзерс со 146:117 и ја забележаа седмата победа по ред што е серија каква што имаа само во шампионската сезона.

Интересно и Портланд Трејлблејзерс имаше неверојатна победничка серија од 9 меча по ред која пред некоја вечер ја прекинаа Милвоки Бакс.

Никола Јокиќ во победата на неговиот тим постигна 40 поени со 7 скока, 8 асистенции, 3 украдени топки, 1 блокада и 5 изгубени топки за 31 минута.

Огромна помош Јокиќ имаше и од Кристијан Браун кој имаше сјајна ечер со 26 поени, 6 скока и 2 асистенции. Џулијан Стротер додаде 18 поени, а Џамал Мареј 17 поени и 8 асистенции. Фин настап кај Нагетс имаше и Џејден Пикер со 14 поени и 9 асистенции.

Кај Портланд Трејлблејзерс Далано Бентон запиша 22 поени, Донован Клинген 21 поен со 7 скока, а Енферни Симонс додаде 17 поени. Белграѓанецот Дени Авдија стигна до 16 поени со 6 скока и 8 асистенции.

Денвер Нагетс играше без повредениот Мајкл Портер Џуниор.

За два дена пред да настапи Ол-Стар паузата, Денвер Нагетс и Портланд ќе одиграат уште еден натпревар.

11 февруари 2025 - 08:02