Offside

Џани Инфантино планира да основа компанија FIFA Forward Enterprise (FFE) која ќе управува со Светските првенства и да ги продава нејзините акции. На ваквите шокантни сознанија бурно реагираше УЕФА која вели дека во тој случај европските репрезентации ќе ги бојкотираат Мундијалите.

Лудиот рекорд на Обст во Евролига со 11 тројки

Кошаркарите на Баерн Минхен ја играат најуспешната сезона откако се во Евролига. Предводени од германскиот селектор Гордон Херберт, Баварците имаат 8 победи и само 3 порази и се на високото трето место на табела. Баерн ја згроми Барселона 100-78 а на овој меч тотално луд рекорд постави Андреас Обст со дури 11 постигнати тројки! Нов рекорд на Евролига.

Тројна одбрана на Де Хеа, неприкосновен е во Фиорентина

Давид Де Хеа ја ужива во Италија својата втора младост. Не дека е престарен за голман, 34 има, но Манчестер Јунајтед го отпиша, очигледно превдреме. Во Серија А брани како луд. Комо - Фиорентина 0:2. Нова, по кој знае јака негова одбрана сезонава, овој пат тројна.

Зошто за фудбалери викаат дека не ги краси интелегенција?

Томазо Побега е фудбалер на Болоња позајмен од Милан. Болоња играше во неделата вечер против Лацио на гости на „Олимпико“. Во 23-та минута при резултат 0-0, Побега добива глуп жолт картон, непотребен. Во 35-та минута не на своја половина, не на средина од терен, не во свој шеснаесетник, туку далеку во полето на Лацио го прави најглупиот фаул во историјата на фаулите со две нозе и добива втор жолт и црвен картон. Лацио со играч повеќе ја декласираше Болоња со 3-0.

Машала дриблање Арда Ѓулер, попара ги направи

На 19 години, ретко кој вака си поигрувал со противниците во дрес на Реал Мадрид. Арда Ѓулер ја игра втората сезона на Бернабеу. Лани беше одличен со 12 настапи и 6 гола, а оваа сезона веќе има 13 натпревари. Се чека првиот негов гол. Детево е иднината на Турција и Реал.

Нова јака снимка од Шпанија со „не е сеедно“

Во шпанска Ла Лига, во големото баскиско дерби Атлетик Билбао пред повеќе од 50.000 гледачи на својот нов „Сан Мамеш“ го совлада големиот ривал Реал Сосиедад. Ама во Шпанија има здраво ривалство па така може да се видат и вакви мили сцени: навивач на Сосиедад во море црвено-бели навивачи на Атлетик.

Мангупиште

Дечкото се вика Давид Исмаил и игра за Универзитетот Вермонт во САД. Привилегија е барем еднаш во кариера да ти успее вакво нешто во сред игра.

Какви се шансите на Македонија за пласман на ЕП 2025?

Со двата порази во Литванија во четири дена, Македонија уште повеќе си го отежна патот до кам бек на големите натпреварувања. Но, сепак шанси сè уште има.

Нова циркуска глума од Винисиус

Реал Мадрид славеше убедлива победа 0:3 на гости кај Леганес. Стрелци на головите беа Килијан Мбапе во 43' минута, Федерико Валверде во 66-та минута и Џуд Белингем во 85-та минута. Дваесет и четири годишниот Винисиус Жуниор не постигна гол ама затоа пак се изглупира со непотребна глума.

Димитријевиќ: Мислам дека беше само силен грч и дека сè ќе биде во ред

Лидерот на македонската кошаркарска репрезентација се огласи по мечот против Литванија и според првичните најави, најверојатно не се работи за тешка повреда.

Маестралната партија на маестро Нено

Плејмејкерот на Македонија и Олимпија Милано, Ненад Димитријевиќ вечерва одигра „НБА партија“ за паметење. Преведено во бројки, за 29:23 минути во игра, постигна 43 поени (7/15 за три поени, 9/15 за два поени и 4/4 од линијата за слободни фрлања), плус и 6 асистенции, 4  скока, 3 освоени топки и 2 загубени.

Миовски распали во Ла Лига со два гола и асистенција

Неполн месец откако ги даде првите два гола во дресот на Жирона во Куп натпревар, Бојан Миовски конечно ја начна мрежата и во шпанското првенство.

Асистенција на Кулушевски во стилот на Меси

Во 12. коло од Премиер лига, дербито меѓу Манчестер Сити и Тотенхем на „Етихад“ го отворија гостите во 12-та минута со гол на Џејмс Медисон. Спарс долго време се тврд орев за Манчестер Сити откако Пеп Гвардиола ги води а асистенцијата за голот на англискиот репрезентативец беше сјајно дело на Дејан Кулушевски.

Мареј се обиде да го промаши последното слободно фрлање, но не му успеа

Далас го доби Денвер без Дончиќ во драматична завршница. Историски трипл дабл на Јокиќ кој доби син.

Првото интервју на Рубен Аморим како тренер на Манчестер Јунајтед

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед кој на клупата ќе го наследи в.д. тренерот Руд ван Нистелрој за првпат зборувал во опширно интервју и одговарал на сите прашања од легендарниот капитен на тимот, Гери Невил кој веќе неколку години е стручен коментатор.

Алекса зборува за страста за благото и тоа на руски

Уште се смееме за начинот на кој Алекса Аврамовиќ се поздрави со Вучиќ, на приемот после Олимписките игри. Каков лик. Поднаучил малку руски откако замина во ЦСКА Москва. Кога почна да реди што сè благо јаде, вода ни се припи. Ама на лето, на додека трае сезоната.

Апсурдните седишта на Ла Бомбонера од каде не можеш да гледаш фудбал

Атмосферата на натпреварите на Бока Јуниорс е веројатно најјаката на планетава и тоа го докажале со безброј видеа. Но некои места на Ла Бомбонера пет пари не вредат. Го реновираа стадионот неколку пати, но далеку се од конечно решение и од визуелен и од безбедносен аспект. Колку ли плаќаат навивачите за ваквите чудни места?

Извлечени паровите за завршницата на Лига на Нации

На денешната пладневна ждрепка во Нион беа извлечени паровите за завршницата како и за опстанокот во групите во Лига на нации.

Најубавата атмосфера на женски фудбал

На мечот од 4. коло во женската Лига на шампиони меѓу шведски Хамарби и Манчестер Сити, гостинките славеле 1-2, ја запишале четвртата победа по ред и со 12 бода се први во групата во која се уште и Барселона и австриски Сент Полтен. Генерално после 4 кола во женската Лига на шампиони се одвојуваат и најголемите фаворити за завршницата: Ман. Сити, Барселона, Баерн Минхен, Арсенал, Челси и Лион.

Чудни патишта фудбалски

Урош Ѓурѓевиќ има 30 години а има необична кариера. Роден е во Белград, настапува за репрезентациајта на Црна Гора од 2021-ва година. Потекнува од школата на Црвена Звезда а едно време стана најдобар стрелец на Партизан. После играше и во Олимпијакос а најдолго се задржа во шпански Спортинг Хихон. Од летово од јули е во мексикански Атлас.

Најдоброто од Кристијан Николов и Војдан Стојановски

Македонската кошаркарска репрезентација лошо го отвори мечот против Литванија во салата под Кале. Но имаше и позитивни моменти, како на пример враќањето во последната четвртина од -25 на -11. За издвојување се моментите од најдобрите двајца на паркетот. Кристијан Николов со 18 поени, 6 асистенции, 2 скока и една освоена топка и неуморниот Војдан Стојановски кој реализираше 13 поени кои ги дополни со 3 скока и 2 освоени топки.

Патешествието на кошаркарите до Литванија кои не спиеа синоќа

Ослабени без Нено Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс, кои паралелно имаа клупски обврски во Евролигата, македонската кошаркарска репрезентација беше немоќна против фаворитот Литванија, која иста така во Скопје дојде ослабена. Ги чека долг пат за реваншот, слично како за на апсолвентска екскурзија.

Бајден ја оплеска и со шампионот на НБА

Како што налага традицијата шампионот на НБА неколку месеци по освоената титула доаѓа на гости, на свечен прием во Белата куќа. Таму ги пречекува американскиот претседател. Еднаш Голден Стејт Вориорс го игнорираше Доналд Трамп, а сега Џо Бајден (82) го пречека актуелниот првак Бостон Болс... Овај Селтикс.

Германецот Вагнер го расплака Леброн Џејмс во последна секунда

Орландо Меџик и ЛА Лејкерс го одиграа најлудиот меч од стартот на сезоната во НБА. Германскиот капитен на репрезентацијата Франц Вагнер имаше ненормална партија со 37 поени и 11 скока. Лејкерси предводени од Леброн Џејмс и Ентони Дејвис водеа четири поени предност на 27 секунди до крајот но тогаш Вагнер настапи и прво го намали резултатот а потоа на 3,1 секунда пред крајот постигна тројка од далечина за голема победа на Орландо Меџик.

Уште една одлична партија на Ненад Димитријевиќ

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ како и многумина други кошаркари синоќа не можеше да игра за својата репрезентација поради клупски обврски во Евролига, а за својот Милано кој славеше 98:86 против Макаби Тел Авив постигна 11 поени со по една асистенција и еден скок за само 10 минути и 56 секунди на паркетот. Први стрелци кај „манекените“ беа Зак ЛеДеј со 22 поени и седум скока и Никола Миротиќ со 20 поени и осум скока.