Шок за Ливерпул во ФА Купот, испадна од последниот второлигаш

Лидерот во Премиер лига и една од најсилните екипи сезонава, Ливерпул, се посрамоти попладнево во англискиот ФА Куп. Изгубија на гостински терен од најслабиот, последно пласираниот тим во втората лига Чемпионшип, Плимут.

Арне Слот реши да прати мешан состав со Луис Дијаз, Диого Жота, Федерико Кјеза од возрасните и повеќе младинци на теренот, но тоа на крај го чинеше испаѓање од ФА Купот. Ги казни Рајан Харди од пенал во 53' минута за огромно славје на симпатичниот стадион „Хоум парк“.

Голманот на Плимут Аргајл, Конор Азар кој е 26-годишен репрезентативен голман на Северна Ирска, бранеше неверојатно и во неколку наврати спаси чисти голови:

Славјето на „Хоум Парк“ стадионот:

9 февруари 2025 - 18:15