Филаделфија го растури Канзас и го освои СуперБоул

Екипата на Филаделфија иглс две години чекаше реванш и го дочека, а со тоа не му дозволи на Канзас Сити да станат прва екипа во историјата со три шампионски титули во НФЛ по ред.

Филаделфија доминираше и во целост успеаја да го неутрализираат нападот на Чифси кои влегоа во финале како двојни шампиони.

Натпреварот помина во тотална доминација на победничкиот тим и на полувреме беше 24-0.

Во вториот дел Канзас Сити малку ја поправи сликата иако почна да игра дури откако Филаделфија поведе со 34-0.

Ова е втор шампионски прстен за Филаделфија и вкупно петти, откако го освои првиот во 2018 година со победа над Њу Ингланд Патриотс.

За МВП на финалето беше прогласен Џејлен Хартс од Филаделфија Иглс кој освои 221 јард со фрлање, 72 со трчање, имаше два тачдауна и асистираше за уште еден. 

10 февруари 2025 - 08:51