Барселона е разорна, има уште цел куп натпревари а досега дадоа 109 гола

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и неговата Валенсија во само неколку дена го осетија целиот рафален потенцијал на нападот на Барселона. Каталонците се сурови сезонава пред противничките голови.

Epa Images
Epa Images
Epa Images

Барселона на 35 натпревари во сите турнири каде што игра сезонава оствари дури 16 страшно убедливи победи:

Особено убедлива Барселона сезонава беше против најлутиот ривал Реал Мадрид кого два пати буквално го торпедираше.

СИТЕ УБЕДЛИВИ ПОБЕДИ НА БАРСА СЕЗОНАВА:

7:0 Ваљадолид
1:4 Жирона
5:1 Виљареал
5:0 Јанг Бојс
0:3 Алавес
3:0 Брест
5:1 Севиља
4:1 Баерн Минхен
0:4 Реал Мадрид
5:1 Севиља
2:5 Црвена Звезда
1:5 Мајорка
0:4 Барбастро
2:5 Реал Мадрид
5:1 Бетис
7:1 Валенсија
0:5 Валенсија

Во триумфот на Барселона 0:5 кај Валенсија на гости хет-трик постигна Феран Торес, детето на Валенсија кој во еден момент го крена својот дрес и покажа маичка со натпис: „Не ја забораваме Валенсија“ во чест на неговиот роден град кој силно настрада во страшни поплави во ноември 2024-та.

Феран Торес при прослава на еден од головите отиде и во прегратка кај Дани Олмо кој беше на клупата за резерви и кој скоро се врати од повреда.

Ова беше втор хет-трик за Феран Торес за Барселона. Во јануари 2024-та тој три пати му даде гол на Бетис. Сезонава има 10 гола, 1 помалку од целата сезона лани (11).

Феран стана и само четврти играч на Барселона со хет-трик на меч против Валенсија на „Местаља“ после Мариано Мартин (1943-та), Лионел Меси (2013) и Пјер-Емерик Обамејанг (2022).

Одлична вечер имаше и Бразилецот Рафиња кој иако не постигна гол, имаше асистенција со што го подобри уште повеќе неверојатниот учинок сезонава: сега има 23 гола и 13 асистенции на 34 меча сезонава и со Мохамед Салах се главни кандидати за наградата Златна копачка.

17-годишниот Ламин Јамал го постигна последниот гол на мечот по груба грешка на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

7 февруари 2025 - 12:38