Антони даде убав гол за Бетис, се разигра во Шпанија
Помалку очекувано, едно од најскапите засилувања во историјата на Манчестер Јунајтед, Бразилецот Антони за кого на Ајакс му исплатија повеќе од 100 милиони евра со бонуси, по катастрофалните настапи во Англија, дојде на позајмица во Бетис и живна. Во Шпанија му одговара изгледа и јазикот и средината и новиот тим. На првиот дебитантски меч имаше асистенција и доби награда за играч на натпреварот, а на вториот настап постигна гол во поразот од Селта Виго (3:2).