
Коби Брајант на тој меч меѓу ЛА Лејкерс и Голден Стејт Вориорс се повреди па реши така тешко повреден да изведе две слободни фрлања пред да излезе од игра.
„Нема посимболичен натпревар за „Мамба менталитетот“ од „Ахиловиот натпревар“, стоело во описот на аукциската куќи Сотби пред продажбата.
Коби Брајант загина на 41 година во пад на хеликоптер во јануари 2020-та година заедно со својата 13-годишна ќерка Џана, во местото Калабасас во Калифорнија.
Овој фамозен натпревар на кој ги носеше тие патики Коби го играше на свои 34 години. Се повреди на почеток на трета четвртина и едвај газеше на една нога. Потоа на три минути пред крајот од мечот, Брајант влезе пак во игра, шутна уште еднаш и падна при што се држеше за повредената нога.
„Како го направив движењето, знаев. Личеше како задниот дел од ногата да е отиден“, рекол Коби Брајант после тој натпревар.
Излезе од игра а потоа пак се врати да изведе две слободни фрлања. Тоа беше еден од најпознатите моменти на Коби на паркетите.
Брајант го заврши тој натпревар со 34 поени а Лејкерс го совлада Голден Стејт Вориорс со 118-116.
Аукционата куќа Сотби ги проценила патиките на Коби од тој меч, модел „Најк Коби 8 Елит“ меѓу 600.000 и 800.000 долари.
Бројни предмети од богатата кариера на Коби Брајант се продадени по високи цени на аукции по неговата смрт. Неговиот дрес од истата 2013-та година беше продаден за 1,2 милиони долари во јуни 2024-та.
Во 2023-та година потпишан дрес од Коби Брајант кој го носеше во неговата МВП сезона 2007/2008 бил продаден за повеќе од 5,8 милиони долари. Тоа беше втор најскапо платен кошаркарски предмет во историјата на аукциите, пишуваше ЕСПН.