Во дербито на колото во француската Лига1, ПСЖ со 4-1 го разби Монако и се одлепи 13 бода пред второпласираниот Марсеј кој има и натпревар помалку. Монако е четврти со 37 бода. Два гола постигна фантастичниот Усман Дембеле кој веќе има 16 погодоци во Лига1 а дебитантски гол даде и новајлијата Хвича Кварацхелија. И тоа какво голчиште.