![](/files/styles/780px/public/offside/2025/02/07/439204-pandev-go-sovetuval-elmas-vednash-da-potpishe-za-ovoj-golem-klub.jpg?itok=VMkZvfP-)
Елид Елмас во јануарскиот преоден рок го засили Торино каде доаѓа на позајмица со право на откуп од Ред Бул Лајпциг.
Елмас не доби никаква шанса во германскиот бундеслигаш па решил да ја смени средината за да игра повеќе.
Дојде во идеален амбиент за него, во клуб во кој нема огромни притисоци и екипа која што може да се избори за евентуален пласман во еврокуп за следната сезона.
Во разговор за клупскиот канал на Торино, Еламс открива дека Горан Пандев одиграл важна улога во неговата одлука да дојде во Торино.
„Искрено задоволен сум што сум дел од оваа екипа. Има многу убави нешта, убав град. Дојдов во клуб со одлични навивачи и голема историја. Веќе познавам некои од момците, знам како играат зошто често гледав натпревари од Серија А.
Зборував прво со Борна Соса со кого имаме сличен јазик како мојот. Ми кажа убави работи и ете ме сега тука. Сум играл против него еднаш на Македонија - Хрватска, но другар ми е, играше во Штутгарт. Ми го даде бројот и почнавме да се слушаме.
Во Македонија се живее секогаш со голема почит за постарите. За мене тоа е нешто посебно. Ние во Македонија уште живееме во една иста куќа повеќе луѓе. Фамилијата е на прво место за мене.
Моите се дојдени со мене и во Торино, беа и во Германија. Оставам на татко ми да одлучува за некои работи, им благодарам за поддршката што ми ја даваат секогаш.
Понудата веднаш ја прифатив, разговарав со Горан Пандев кој ми кажа дека треба брзо да потпишам. Му благодарам на него и градот што ме примија тука. На располагање сум на тренерот Ваноли за предизвиците кои допрва следат. Неговата страст ја почувствував од првиот момент тука. Во тимот владее одлична атмосфера и верувам во добри резултат“, изјави Елмас.
Елиф Елмас од Работнички замина во Фенербахче а по сјајните настапи за турскиот гигант, го засили Наполи каде остана од 2019-та до 2024-та година.
Елмас одлично го зборува италијанскиот јазик а во оваа земја има и многу пријатели, познаници и добро го знае менталитетот на Италијанците.
Се очекува да добива шанса да игра повеќе фудбал и да ја врати старата препознатлива форма во која блескаше во дресот на македонската репрезентација.