Нов голем циркус во турскиот фудбал, Адана Демирспор напушти терен со Галатасарај

Нов голем скандал во турскиот фудбал. Синоќа на мечот Галатасарај - Адана Демирспор во 34' минута, гостите решија да го напуштат натпреварот и да заминат откако судијата досуди крајно сомнителен пенал за домашните кој во гол во претвори новајлијата Алваро Мората.

Откако главниот судија на мечот Галатасарај - Адана Демирспор досуди чуден пенал за домаќините уште во 10-та минута, гостите долго време се расправаа со судиите а во 34' минута решија да се повлечат во соблекувалните и да не го продолжат натпреварот.

Управата на Адана Демирспор се симна на теренот и по разговор со играчите, сите се повлекле во подтрибинскиот простор поради тенденциозно судење.

Чудно е што фудбалерите на гостинскиот тим реагирале дури 24 минути по досудениот пенал. Прво еден фудбалер на Адана Демирспор по краток разговор со неговата клупа, прво седна на теренот веројатно глумејќи повреда и од тој момент мечот беше во прекин.

Пеналот е навистина сомнителен зошто нема контакт меѓу фудбалерот на Адана Демирспор и Дрис Мертенс:

И МУРИЊО ГИ ЗАКАЧНА

Фенербахче, најлутиот ривал на Галата во турскиот фудбал, остро реагираше со соопштение за новиот скандал со кој е поврзан нивниот противник. Фенербахче и Жозе Мурињо влегоа во серија од шест победи во турската Суперлига и му се приближија на Галатсарај на само 3 бода заостаток со тоа што ривалот има натпревар помалку (овој нерегистрираниот со Адана Демирспор).

„Вашите нерегуларни договори, карти на црн пазар и незаконски реклами за коцкање ја измамија и нашата држава и Фудбалскиот сојуз на Турција. Со своите контролирани медиуми и лажни изјави ја манипулирате јавноста. Вашите играчи кои со години глумат, продолжуваат да ги лажат судиите и фудбалските навивачи! Благодарение на вас веќе нема ни доверба ни правда! Но вие сте секогаш невини и погодени, зар не? Ви честитаме, стварно го уништивте турскиот фудбал“, стои во отвореното соопштение од Фенербахче.

Потпретседателот на Адана Демирспор, Метин Коркмаз кој бил еден од иницијаторите на повлекување на екипата, рекол дека тоа не бил протест против Галатасарај туку против судиската организација.

Жозе Мурињо на враќање од Аланија каде Фенербахче слаеше 0-2 со головите на Шимански и Талиска, објавил видео на својот Инстаграм профил со спорниот пенал за Галатасарај а во позадина ја ставил песната „Кол д полис“.

10 февруари 2025 - 08:39