
Како еден од најдобрите судии во фудбалската историја, ФИФА во 2017-та го назначи Колина за шеф на судиите со значка на ФИФА. Тој е на оваа висока позиција веќе осум години и е заслужен за многу важни промени кои на подобро го сменија фудбалот.
Колина сега сака да воведе едно ново, револуционерно правило, односно сака да го укине досегашното: фудбалерот да може да постигне гол од одбиена при изведен пенал откако голманот ќе му го одбрани првиот шут од белата точка.
Некогашниот италијански судија сака да забрани играчот кој шутира пенал или кој било друг негов соиграч да може да налета на одбиената топка и да постигне гол.
Такви ситуации се случуваат речиси секојдневно во фудбалот и сигурно би влијаело многу на самата игра.
„Верувам дека постои голема разлика меѓу шансите кои ги имаат голманот и изведувачот. Во просек постигнато е околу 75 одсто од единаестерците, а често тоа е поголема шанса од онаа која е спречена со фаул. Освен тоа, на напаѓачот му се дава дополнителна шанса да погоди по одбиена топка и одбрана на голманот. Според мое мислење, голманите би морале да се жалат на тоа“, вели Колина.
Колина вели и дека веќе го покренал ова прашање во ИФАБ (Меѓународен одбор на фудбалски асоцијации) и побарал да се дискутира и да се преиспита ова правило.
ИФАБ е надлежен за правилата на фудбалската игра и е единствен кој се смета за релевантен во професионалниот фудбал кога правилата се во прашање.
„Веќе го споменав тоа во расправите во ИФАБ. Едно од решенијата кои ги нудам е правилото на „еден удар“. Баш како во изведување пенали после продолженија. Нема одбиена топка. Или даваш гол или играта продолжува со гол-аут. Тоа исто би ја укинало драмата која што ја гледаме пред изведување пенали со играчите кои втрчуваат од линијата.
Ова исто би требало да ја намали гужвата која што ја гледаме пред единаесетерецот кога сите го опкружуваат шеснаесетникот. Ми делува како коњи на стартни капии пред Пали во Сиена (традиционална коњска трка на централниот плоштад во Сиена).“, додава Колина чија идеја добила поддршка во фудбалските кругови.
Pierluigi Collina! The only referee who had VAR in his eyes.🙏 pic.twitter.com/cOEehvYAJG
— ANGIDO Lawrence Othieno (@angido_othieno) February 11, 2025
Пјерлуици ја заврши својата богата кариера во 2005-та година. Судеше финале на Лига на шампиони, на европски и светски првенства, финале на Олимписки Игри како и финале на Куп на УЕФА.
Дури шест пати ја доби наградата за најдобар судија на светот. Со оглед на неговата алопеција (ќелавост) тој имаше карактеристичен изглед, а неговата строгост на теренот значеше суров авторитет на кого не смееја да му пркосат ниту најголемите ѕвезди на времето.
Pierluigi Collina 👊 pic.twitter.com/0rUWHss8Ng
— 90s Football (@90sfootball) January 12, 2025