Фудбалска романтика во Генган, Лига шампиони далеку од луксузните светла

Францускиот прволигаш Брест беше најголемото чудо во тамошната лига лани откако обезбеди историски прв пласман во Лига на шампиони. Со оглед на тоа што малото стадионче „Стад Франсис Ле Бле“ не ги исполнува критериумите на УЕФА од највисок степен за играње натпревари од Лига на шампиони, Брест своите домашни дуели ги игра на стадионот на Генгам „Стад де Рудуру“.

Вечерва на „Стад де Рудуру“ во дуел од Лига на шампиони ќе се сретнат Брест и големиот Пари Сен Жермен. Ова ќе биде бараж-натпревар за пласман во осминафинале од Лига на шампиони.

Пред 11 дена овие два тима се сретнаа во Брест во рамки од Лига 1 и ПСЖ славеше убедливо 2:5 но со голови постигнати во последната фаза од натпреварот (до 82-ра минута беше 2:2).

Сега ПСЖ ќе гостува во Генгам на стадион на истоимениот второлигаш. Состојбата на теренот како што пренесуваат новинарите кои ќе го следат овој натпревар е во лоша состојба.

На овој стадион пред неколку недели за првпат во историјата гостуваше и Реал Мадрид во рамки од натпревар од Лига на шампиони и „кралевите“ имале само пофални зборови за домаќинот Генган.

Домаќините ќе имаат прилика после многу екипи од Лига на шампиони да го видат и францускиот шампион ПСЖ а луѓето од Генган велат дека пред овој меч зголемена е и посетата на фан-шопот на клубот и зголемена е продажбата иако Генган нема да игра вечерва.

Навивачите на Брест сезонава веќе се навикнаа да ги шпартаат тие 113 километри колку што е растојанието до Генгам.

„Очигледно е дека сме многу среќни“, вели Анжелик Оливие, главен раководител на клупскиот бутик на Генган кој се наоѓа во центарот на градот. „Имавме зголемен промет за време на сите натпревари на Брест на стадионот Рудуру“, додава тој. „Воглавно доаѓаа странски посетители да купат шалови, дресови, знаменца, самите доаѓаа да купат сувенири од Генгам, никој не ги убедуваше дека купуваат од Брест“.

За разлика од клупската продавница на Генган во центарот на градот, онаа на стадионот ќе биде отстапена за Брест. Џентлменски, со договор со клубот кој им донесе Лига на шампиони во градот затоа што не можеше да игра на својот стадион.

Брест може да продава свои реквизити во официјалниот бутик на стадионот на Генган. А посебно колекционерскиот, морнарски дрес посебно дизајниран за европската одисеја на Брест кој стана симбол за сонот на „пиратите“ кои ќе се обидат да го продолжат истиот против парискиот гигант.

Ова ќе биде прв дуел на ПСЖ против француски клуб во европските турнири а прв ваков во историјата меѓу два француски клуба имаше во сезоната 2009/2010 кога играа Лион и Бордо во четвртфинале на Лига на шампиони.

Интересно токму ПСЖ бил гостин на отворање на стадионот „Стад де Рудуру“ во Генгам на 21. јануари 1990-та година (играле пријателска а ПСЖ победил 0:1).

Со Луис Енрике на клупата, ПСЖ има изгубени само 2 од 66 натпревари против француски клубови (3-2 од Ница во септември 2023-та и 3-1 од Тулуз на 12-ти мај 2024).

ПСЖ во моментов има серија од три победнички натпревари во Лига на шампиони (3-0 со Салцбург, 4-2 со Сити и 1-4 со Штутгарт). Усман Дембеле игра во врвна форма и во 2025-та година има 15 гола на 7 меча.

Пари Сен Жермен нема пораз на последните 30 натпревари против Брест и има 22 победи и 8 нерешени. Имаат четири порази од вечерашниот противник а последен пат изгубиле на 26-ти јануари 1985-та година 3-1. Меѓусебен скор 29 победи, 13 нерешени и 4 порази.

Интересно Брест ќе биде 53 различен ривал на ПСЖ во еврокуповите.

11 февруари 2025 - 13:33