Offside

Да, насловот ве зачуди, признајте, ама само сме иронични. Диего Симеоне да ти имал империја на недвижности која вклучува 180 станови и 7 згради. Нема потреба друже и кај нас, терај си фудбалот.

Неарен кош на Баерн ја крена салата во Минхен на нозе

Баерн Минхен го победи литвански Жалгирис 77:74 и со 6 победи (5 по ред во серија) се искачи на високото второ место на табелата. Баварците имаат учинок 6:2, подвиг каков што одамна немале во европската кошарка. Карсен Едвардс беше најефикасен со 24 поени и по 5 скока и асистенции. Во еден момент од последниот период кога се кршеше резултатот Карсен погоди тројка од своја половина и ја полуде салата во Минхен.

Црногорска измама под кошот на Чикаго Булс

Чикаго Булс го загуби дома дуелот против Минесота Тимбервулвс (119:135). Никола Вучевиќ одигра одличен натпревар со 25 поени и му продаде балканска финта на Руди Гобер.

Сите поени на Ненад Димитријевиќ против Реал Мадрид

Пред повеќе од 15.000 гледачи во миланската арена „Унипол Форум“, Милано синоќа го совлада Реал Мадрид во Евролига. Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше одлична вечер со дури 22 поени и беше убедливо најефикасен играч од двата тима на мечот.

Педро не старее, го фрли Олимпико во делириум со гол во 92-ра

Ако некој се прашува каде е и што прави легендарниот Педро, кој беше дел од златните денови на Барселона и Шпанија, ќе го најде во Рим, каде дроби на 37 години и ги забавува навивачите.

Израел пратил 2 спасувачки авиони во Амстердам поради напад на нивни навивачи

Израелските клубови веќе извесно време своите домашни натпревари од еврокупови ги играат во други држави поради конфликтот со Палестина. Во четвртокот се погоди Макаби Тел Авив да му гостува на Ајакс во Амстердам. Таму допатувале неколку стотици навивачи на израелскиот тим кој не биле пречекани добро од локалните муслимани.

Најлошото изведување од центар го има Мидтјиланд

Данскиот клуб на полувреме губеше 1:0 на гостувањето против Стеауа Букурешт во ЛЕ. Тргнаа од центар во второ и за 8 секунди примија уште еден гол за конечни 2:0 за Романците.

Навивачите на Ѕвезда згрмија во чест на тенискиот херој

Новак Ѓоковиќ се појави за прв пат сезонава да ја бодри во живо Црвена Ѕвезда во Евролигата. Цела сала го скандираше неговото име, а црвено белите ја прекинаа серијата од четири порази и ја совладаа Алба со 92:71.

Нено Димитријевиќ блесна и го растури Реал Мадрид

Олимпија Милано игра слаба сезона во Евролига и домашното првенство, но синоќа се крена и го совлада европскиот шампион Реал Мадрид во Евролига. Во култната сала „Форум“ во Милано убедливо најефикасен беше македонскиот репрезентативец Нено Димитријевиќ кој постигна 22 поени и имаше по еден скок и асистенција.

Австралијката што се „прослави“ со брејк-денс на Олимписки Игри заврши „кариера“

Триесет и седум годишната Рејчел Ган, Австралијка која минатово лето на Игрите 2024 во Париз се посрамоти и себе и цела своја земја после кабастиот и грозен брејк-денс кој го имаше на турнирот кој за првпат се играше на едни Олимписки Игри, решила веќе да не се натпреварува. Таа стана позната на социјалните медиуми.

Сакате да му вртиме на Грилиш со видео повик?

Астон Вила го прекина перфектниот старт во ЛШ со глупав пенал, но навивачите не седнаа да плачат после натпреварот. Продолжија на пиво и му се јавија на Џек Грилиш од паб, кој инаку 10 години го носеше дресот на Вила. Им крена.

Невидена ефикасност на Барселона во 125 години клупска историја

Ова требаше или се очекуваше да биде Реал Мадрид со Мбапе, но фудбалот затоа е интересен, затоа што знае да биде многу непредвидлив и да изненади, како што тоа го прави сезонава Барселона.

Кај што е Интер, таму е и Пандев

Интер и Горан Пандев имаат посебна конекција и 14 години после освојувањето на тројната круна. Им беше гостин на Етихад против Манчестер Сити, па дома со Црвена Ѕвезда и синоќа повторно беше на Меаца за да им даде поддршка во живо на тешкиот меч против Арсенал кој го добија со 1:0. Гостуваше и на официјалниот тв канал на клубот.

Во Евролига кадија те тужи, кадија те суди

Или ќе играш како што тие свират, или не си поканет на забавата, чао здраво.

Знамето на сезоната во ЛШ е на Делии Радовиш

Еуфоријата за мечот меѓу Црвена Ѕвезда и Барселона кој се одигра на околу 400 км од Скопје, ја зафати и Македонија. Многу навивачи на поранешниот европски првак со Панчев и Најдоски отпатуваа во Белград. Меѓу нив и Радовишани кои извадија знаме со три зборови од кои само една им е точна, Радовиш. Прво, на македонски не е Делије туку Делии, а второто е срамотилаци.

Махериште на колото кој со сингл затвори кладилница

Не му треба ни билтен, ни Лига на шампиони, ниту пак игри на голови. Со интуиција ги искина.

Нов неверојатен трипл-дабл на Јокиќ, НБА лигата се восхитува

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја совладаа Оклахома Сити Тандер 124:122 а на мечот блескаше најдобриот кошаркар во лигата во моментов, Никола Јокиќ. Српскиот центар имаше 23 поени, дури 20 скока и 16 асистенции за нов трипл-дабл. Расел Вестбрук исто одигра врвна партија со 29 поени, најефикасен меч откако дојде во Колорадо. Мајкл Портер Џуниор уфрли 24 поени од кои 21 во вториот дел.

Мангупска фора на Лука Дончиќ

Кошаркарите на Далас Маверикс со 119:99 го совладаа Чикаго Булс кој играше без својот најдобар играч Зак Левин. Лука Дончиќ, Кајри Ирвинг и Клеј Томпсон лесно се справија со „биковите“ и со серија од 17:0 уште во првиот дел покажаа кој е кој. Лука Дончиќ беше најефикасен со 27 поени и 13 асистенции. Ирвинг и Гафорд додадоа по 17 а Клеј Томпсон уфрли 13 поени. Кај гостите од Чикаго Никола Вучевиќ со 14 поени и 10 скока беше најефикасен.

Артета не си на мал фудбал во балон

Во 63’ минута од мечот Интер - Арсенал (1:0) додека гостите притискаа со сите сили да израмнат, гостинскиот тренер Микел Артета заборави на аут линијата.

Топките кои ги дели Јамал во напад се пола гол

Барселона сезонава дава лесно голови, по 3, 4, 5 на еден натпревар. По колку ли би давала ако ги претвораа го гол и овие страшни пасови на Ламин Јамал кои им дава топки на тацна? Ова е само од синоќешното гостување против Ѕвезда.

Кореографијата на Парижани за слободна Палестина

На стартот на мечот меѓу ПСЖ и Атлетико Мадрид (1:2), домашните навивачи кои важат за едни од најжестоките во Франција, кренаа кореографија со натпис слобода за Палестина и се придружија на навивачите на Селтик кои одамна се на страна на Палестинците. УЕФА најверојатно ќе го казни парискиот клуб поради мешање политички прашања во фудбалот.

Глупавиот пенал во втората германска лига, го повтори Астон Вила во ЛШ и загуби

Астон Вила после 3 од 3, го загуби првиот меч во Лига на шампиони со аматерска грешка, недозволива за ваков ранг на натпреварување. Се повтори пеналот од средбата Магдебург и Гројтер Фирт од пред еден месец. Овој пат киксот го направи Тајрон Мингс, а реализираше Ханс Ванакен за победа на Клуб Бриж од 1:0.

Кубарси си замина од Маракана како да се борел против ЈНА

Барселона резултатски помина одлично против Црвена Ѕвезда, но едно од нивните деца не баш. Ќе го памети гостувањето во Белград цел живот и денес веројатно ќе добие оправдание од матичниот за да не оди во школо. Се работи за 17 годишниот Пау Кубарси кој заработи 10 конци, после еден непромислен старт со крампони на Урош Спајиќ.

Кореографијата на Маракана против Барселона 1996 vs 2024

Вечерашниот фудбалски спектакл од ЛШ во Белград кој заврши со 7 гола, беше зачинет со моќна увертира на домашните навивачи, а тоа е кореографија на сите четири трибини. Интересно, инспирација им беше токму нивниот дуел со Барса во ЛШ одигран пред 28 години. Ја повторија истата кореографија.

Каталонската машинерија немилосрдна во Белград, Атлетико го освои Париз во 93-та минута

Црвена Ѕвезда и даде два гола на Барса, нешто што сезонава не им успеа на Баерн и Реал, но прими пет. Атлетико Мадрид го совлада ПСЖ на гости со пресврт и гол на Кореа во судиско, а Интер ја доби мега пресметката против Арсенал со гол од пенал на Чалханоглу. Пет гостински победи, наспроти четири на домаќините.