Offside

Да, насловот ве зачуди, признајте, ама само сме иронични. Диего Симеоне да ти имал империја на недвижности која вклучува 180 станови и 7 згради. Нема потреба друже и кај нас, терај си фудбалот.

Дали и како Македонија може до бараж за СП преку Лига на нации?

Многу од спортските портали во Македонија, по гостинската победа над Ерменија напишаа дека ќе играме БАРАЖ ЗА СП - со оглед на тоа што ќе бидеме прво место во групата „4“ од сегментот „Ц“ во Лигата на нации. Реалноста е малку поинаква. 

Пред очите на Доналд Трамп, Џон Џонс го разби Стипе Миочиќ и му ја заврши кариерата

Ветеранската битка која што се чекаше повеќе од една година конечно се оствари. Во Њујорк во спектаклот УФЦ 309 се бореа големите шампиони Џон Џонс и Стипе Миочиќ. Џонс победи и на крај направи шоу со Доналд Трамп кој седеше во прв ред.

Се огласи Тајсон со соопштение

Чудо не се случи. 58-годишниот Мајк Тајсон се врати во професионалниот ринг после цели 20 години и прилично очекувано изгуби од младиот боксер-јутјубер Џејк Пол. Тајсон беше пред пораз во третата рунда, зададе само 18 удари а прими 97 и на крај изгуби по судиски поени.

Пресудија годините, Мајк Тајсон загуби од јутјуберот Пол

Џејк Пол, синоќа во Тексас, САД, со едногласна одлука на судиите го совлада легендарниот боксер Мајк Тајсон. 31 година помладиот јутјуберот и инфлуенсер му покажа голема почит на челичниот и му се поклони.

Што е со слободниов удар во Африка, па не се гледа топката?

Запознајте го Абубакари Коита од Мавританија, инаку член на АЕК Атина, кој со ненормален гол го отвори гостувањето против Боцвана во Африканскиот Куп на нации. Значи не Роберто Карлос од Бразил, туку Абубакари од Мавританија. Отиде мрежата.

Бундеслигаши ќе го напуштале Х поради Илон Маск

Германски Сент Паули реши да се повлече од познатата светска мрежа Х за која велат дека била генератор на хомофобија. Има муабет дека и други би тргнале по нивни стапки.

Протече документ за кој се тврди дека е сценарио за борбата Тајсон - Пол

Светот е во исчекување, Нетфликс ќе врши пренос, ВИП картите се продаваат по 5 бона. Ќе губи ли стариот или пак без старца нема ударца? И дали е можно да има однапред смислени валкани игри?

Столе испрати порака од Градски до Валенсија

Незаменливиот чувар на голот на Македонија сезонава нема клупски настапи, но затоа за репрезентација нема примен гол на последните четири средби. По завршувањето на синоќешната победа над Летонија од 1:0, извади маица со емотивна порака: „За сите жртви во Валенсија…Напред Валенсија“.

Кои клубови им даваат најмногу шанси на млади играчи?

Ако се види табелава нема да чуди претпоставката дека Франција е фудбалски обезбедена за наредни години. Француските клубови им даваат најголема шанса на младите фудбалери. Бројни француски прволигаши пуштаат „во оган“ тинејџери по 17-18 години. Од нив после некои ќе стигнат и до А тимот на Франција. На табелата Барселона е лидер откако се вратија на правата приказна со Ла Масија.

Куртис Џонс со деби гол од соништата

Англичаните и се одмаздија на Грција за поразот дома и тоа убедливо со 0:3 и сега се први во група со идентичен број на бодови. Првиот репрезентативен настап го имаше 23 годишниот Куртис Џонс од Ливерпул, кој си поигра со грчката одбрана со мангупски потег.

Тајсон го ишамара младиот јутјубер Пол како најава за бокс мечот

Конечно после долго време ќе бидне и долго очекуваната борба меѓу еден од најлегендарните боксери на сите времиња Мајк Тајсон (58) кој веќе одамна е во пензија и младиот, полетен и дрзок американски јутјубер Џејк Пол (27). Борбата е закажана за петок кон сабота после полноќ. На мерењето пред дуелот Мајк му залепи шлаканица на Пол кој остана мирен.

Ја имаме ли најјаката банана на сезоната во Евролига?

Ефес го доби Реал Мадрид 74:64. Дариус Томпсон дефинитивно ја има најдрската можна рампа на сезоната, па и повеќе од тоа. Му ја запели, го седна на газ, ја зграпчи со две раце, па уште и му ја врати. Неверојатно.

Чирибу-чириба да промаши слободно фрлање

За време на неизвесниот дуел од Евролига меѓу АСВЕЛ од Лион и Црвена Звезда, една навивачка „пушташе магија“ пред центарот на Црвена Звезда Лука Митровиќ да изведе слободно фрлање. Ѝ успеа зошто Лука го промаши второто слободно фрлање.

Израелски навивачи направиле хаос и во Париз

Французите разочараа пред своите навивачи и одиграа само 0-0 против Израел. Пред натпреварот од Лига на Нации на „Стад д'Франс“, француските власти одлучија илјадници полицајци да водат сметка за безбедноста на гостинските навивачи со оглед на анти-израелското расположение меѓу муслиманите во Франција. На крај испадна Израелците правеле бељи на трибини и ги нападнале домашните навивачи. Пред само неколку недели навивачи на Макаби Тел Авив правеа инциденти и во Амстердам.

Парагвај го порази светскиот првак со пресврт, спектакуларен гол на Санабриа

Селекцијата на Парагвај направи големо изненадување во јужноамериканските квалификации за СП 2026. Ја доби Аргентина со пресврт 2:1, која дојде со полн состав. На погодокот на Лаутаро Мартинез во 11 минута, домаќините одговорија по само 8 минути со шоу голчиште на Антонио Санабриа од Торино. На Твитер го споредуваат со оние незаборавни ножички на Роналдо на мечот Реал - Јуве.

Венецуела пушти прскалки на терен против Бразил

Венецуела синоќа прослави историско реми против Бразил (1:1). На претходните 10 меча во Каракас, Бразил секогаш славеше, 10 победи. Сега Венецуела успеа да се избори за нерешен резултат. Винисиус промаши пенал а домаќинот израмни со прекрасен гол. Во финишот кога кариоките бркаа цел плен, се вклучија прскалки на теренот, ненамерно или не, а судијата го прекина на кратко мечот.

Мајсторија на Рафиња од слободен удар, двојно промашување на Винисус од 11 метри

Селекцијата на Бразил повторно киксираше во мундијалските квалификации каде е трет на табела, со само 5 победи по 11 кола. Одигра 1:1 против Венецула на гости. Резултатот го отвори Рафиња со прекрасен гол, но во вториот дел домаќините израмнија, а Винисиус лошо го изведе пеналот, а потоа го утна цел гол.

Победа на Македонија над Летонија за пласман во Б дивизија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва минимално со 1-0 ја совлада Летонија во претпоследното коло од групната фаза во Лига на Нации и осигура прво место и пласман во погорна дивизија.

Кои играчи имаат најмногу голови и асистенции досега сезонава?

Швеѓанецот со унгарско потекло од Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш и натаму е неприкосновен лидер на листата најдобри стрелци во најсилните 10 европски лиги. Тој има вкупно 34 гола и асистенции на 22 натпревари за клуб и репрезентација. Втор е Хари Кејн, а трет е најголемото откровение на сезоната, Египќанецот од Ајнтрахт Франкфурт Омар Мармуш.

Легендарни фотографии од првото соочување на Дражен Петровиќ и Мајкл Џордан

Сите зборуваат за последното во 1993-та, а никој за првото во 1983-та.  Да му се позлатат рацете на фотографот.

Асистенцијата на Меси во Катар за која Де Јонг и Ван Дајк се чуделе во соблекувална

Холандија ги заврши настапите на последното Светско во осминафинале каде налета на Аргентина. Им се вратија после негатива од 2:0 и тоа со голови во 83` и 90`+11`, но загубија на пенали. Првиот гол на мечот го даде Молина, по едно додавање на Меси кое веројатно никој не го очекуваше.

Диего Форлан влезе на АТП, игра сериозен тенис

Некогашниот расен стрелец и пеколен шпиц Уругваецот Диего Форлан дебитираше на професионално ниво на свои 45 години. Настапуваше и претходно а сега се појави во натпревар во двојки и изгуби 6-1, 6-2 пред домашната публика на турнир од АТП Челенџер категоријата во Монтевидео.

Кливленд не знае за доста: историски старт со 13-0

Кливленд Кавалирс прави попара во НБА лигата од старт на сезоната. Екипата преводена од Кени Аткинсон има 13 победи на првите 13 натпревари, почеток каков што Охајо не памети. 13 победи по ред во тек на сезона имаа во 2009, 2010 и 2017 кога за нив играше Леброн Џејмс.