Високата линија која Барса храбро ја држи

Барселона игра неверојатна сезона под водство на германскиот стратег Ханси Флик (синоќа од Борусија Дортмунд го претрпеа првиот пораз после неверојатна серија од 25 меча). Напред се страшно ефикасни и секој напад им е милина за гледање. А одбраната функционира беспрекорно. Играат високо поставени, на раб на офсајд стапица и таа ризична игра често им се исплати сезонава. Синоќа со Борусија Дортмунд пак ја држеа високо линијата.

16 април 2025 - 08:42