Интер ги одби сите налети на Баерн, Арсенал подобар од Реал за полуфинале
Фудбалерите на Арсенал и во Мадрид го победија Реал (1:2), па со вкупен резултат 5:1 одат во големото полуфинале каде ќе се судрат со ПСЖ. Интер вечерва одигра 2-2 со Баерн и го одбрани триумфот од Минхен пред една недела. Сјајната сезона Симоне Инзаги и фудбалерите ќе ја продолжат во битките со Барселона во полуфинале.