
Прва желба на тренерот Антонио Конте минатото лето кога го презема Наполи му беше Ромелу Лукаку, а втора Скот Мектоминеј. Газдата Аурелио Де Лаурентис му ги исполни а токму овие двајца играат одлична сезона.
Скот Мектоминеј има 9 гола и 4 асистенции на 33 натпревари сезонава иако игра како последен играч за врска во средниот ред. На 30 натпревари Лукаку постигна 12 гола и има 10 аситении.
Мектоминеј во документарка снимена од Серија А раскажува за неговиот престој во градот во кој се вљубил на прв поглед.