Интересната фан-зона на Црвена звезда како идеја за Вардар

Пред пријателскиот натпревар во Скопје меѓу Вардар и Црвена звезда, гостите од Белград дојдоа и со целата своја екипа задолжена за таканаречената навивачка зона. На платото каде беше фан зоната имаше мали голчиња за мал фудбал за деца, беа изложени славниот пехар освоен во Куп на европски шампиони 1991 со голот на Дарко Панчев како и Златната копачка на Панчев за најдобар стрелец на Европа таа сезона. Имаше многу настани и игри за деца и за возрасни и продажба на реквизити, дресови, шалови.

Најмалите играа фудбал меѓу себе, а водителките меѓу кои беше и нашата Христина Здравковска, водеа богата програма. Во еден момент на дружбата ѝ се приклучија и првотимците на Црвена звезда, младиот талент Андрија Максимовиќ и голманот Иван Гутеша, и двајцата стандардни играчи во овогодинешната Лига на шампиони.

 

Беше присутна и маскотата на српскиот шампион, Звездан Звезданиќ.

Головите од мечот на Градски на кој победи хуманоста

Милојевиќ: „Благодарност до сите добри луѓе и народот на Македонија“

17 април 2025 - 10:58