Како искусниот Куртоа го прочита Букајо Сака на пенал?

Откако му одржаа фудбалска лекција на Реал Мадрид во Лондон каде славеа со 3:0, фудбалерите на Арсенал победија и во главниот град на Шпанија со 1:2. Историски триумф за „топџиите“ кои одат во полуфинале на Лига на шампиони. Во првиот дел Букајо Сака промаши пенал кога сакаше со паненка да го матира Куртоа кој го процени. Подоцна англискиот репрезентативец се извади со гол во 65-та минута за водство на Арсенал.

Но Букајо Сака беше еден од најдобрите играчи на теренот и најзаслужен што Арсенал оди во полуфинале:

Головите од натпреварите во Лига на шампиони 

17 април 2025 - 11:48