Илија Најдоски пред дуелот Вардар - Црвена звезда: „Најважно е да им се помогне на семејствата на настраданите“

Белградските медиуми со посебно внимание го пречекуваат пријателскиот натпревар меѓу овогодинешниот учесник во Лига на шампиони и најтрофејниот македонски клуб. Вардар и Црвена звезда долги години во времето на поранешната заедничка држава беа синоним за здраво ривалство.

Црвена звезда вечерва од 20:00 часот гостува во Скопје на хуманитарен натпревар со Вардар. Собраните средства од продажбата на билети ќе оди на сметка на семејствата на настраданите од страшниот и потресен пожар во дискотеката во Кочани.

Овие два клуба ги спојуваат многу заеднички моменти а секако и играчи кои ги носеа и двата дреса. Со голем успех.

Дарко Панчев, една од најголемите легенди на Вардар и на Црвена звезда, во 1991-ва го постигна решавачкиот пенал во финале на Куп на европски шампиони кога Звезда стана единствен клуб кој станал европски првак од овие простори.

Со одбраната тогаш командуваше Илија Најдоски.

Во Скопје ќе покрај играчите на Црвена звезда и стручниот штаб, допатуваа и ветераните на овој клуб кои имаат своја секција со која раководи Бошко Ѓуровски.

Планирано е ветераните на двата клуба да направат еден почесен круг околу теренот и да ги поздрават сите присутни на вечерашната пријателска.

„Секоја чест на Звезда што брзо реагираше и прифати иницијатива да гостува во главниот град на Македонија. Раководството на црвено-белите на чело со генералниот директор Звездан Терзиќ направи убав гест. Луѓето во целата држава се воодушевени што после скоро 30 години ќе имаат прилика да го гледаат великанот во дуел со еден од најчестите ривали во некогашната заедничка држава“, вели Најдоски за српски Спортски Журнал.

Најдоски кој од неодамна работи во ФФМ со новото раководство, вели дека очекува полн стадион во Скопје вечерва.

„Црвено-белите во Македонија имаат голем број навивачи. Има и многу здруженија на навивачи на шампионот на Србија ширум земјава и тие нема да пропуштат прилика да дојдат. Слушнав дека до понеделникот билеп продадени околу 19.000 гледачи, има време за цел капацитет од 33.000 да биде распродаден“, вели Најдоски кој одигра 114 натпревари за Звезда и 101 за Вардар во богатата кариера.

16 април 2025 - 08:14