Offside

Четвртите натпревари од серијата меѓу Анадолу Ефес и Панатинаикос и Барселона и Монако донесоа најинтересен баскет досега. Во две неизвесни завршници славеа домаќините носени од своите навивачи и се изборија за мајсторки, но на гости.

Јокиќ е луд, погоди тројка од паркинг со звукот на сирената за победа

Актуелниот шампион на НБА му приреди сензационален пресврт на Голден Стејт Вориорс на гости, кој го загуби мечот после водство во последната четвртина од дури 18 поени разлика.

Колку заработуваат тенисерите кои не се дел од елитата и каков е планот да им се помогне?

Според некои проценки, Ѓоковиќ тежи 520 милиони долари, Надал 515, а Самит Нагал, број 1 тенисер во Индија вели вака: „На сметка имам 900 евра и за да заштедам патувам само со тренерот. Играм Гренд слемови, но сиромашен сум“.

Доминацијата на Вембанјама на 17 години

Првиот пик на драфтот во НБА, Виктор Вембанјама денеска полни 20 години. По тој повод ФИБА објави куса компилација од негови потези на Светското У-19. Противниците му се тргаат кога оди на забивање, што е сосема логично. А што може да му направат на ваков стап?

Време кога фудбалерите не беа лепицанери со розеви копачки

Тони Адамс, Ешли Кол, Рој Кин, Патрик Виера, Фил Невил, Ники Бат, Пол Сколс... Витешки фудбал.

Јака реклама, врвна екипа

Владе Дивац, Здравко Чолиќ, Слобода Миќаловиќ, Синиша Михајловиќ, Андреј Кулунџиќ, Матеја Кежман, Игор Милановиќ, Драган Николиќ, Јелена Јанковиќ, Никола Којо, Драган Стојковиќ Пикси, Ивица Краљ, Зоран Цвијановиќ, Ана Ивановиќ, Дуле Савиќ, Ѓуле Ван Гог.

Топ финиши во УФЦ

УФЦ на почеток на секоја нова година објавува најдобри нокаути и триумфи во рингот за претходните дванаесет месеци па така објавија и сега неколку спектакуларни дуели.

Фората е да дадеш гол од 100 метри

Голманите сè почесто знаат да се претворат во голгетерски јунаци. Сезонава во ЛШ таков беше Иван Проведел од Лацио кој израмни против Атлетико Мадрид во 95-та минута. А сега пазете го овој на Куп натпревар за играчи до 20 години.

Најдоброто меѓу навивачите за 2023-та

Добро познатиот Јутјуб канал за навивачка содржина „Ултрас Ворлд“ повторно ги прогласи најдобрите навивачки групи и изданија за годината што измина. Како и минатата година така и сега на самиот врв заслужено се Мароканците од Видад Казабланка а во Топ10 се уште и Базел, Хамарби, Динамо Дрезден, Црвена Звезда, Славија Прага, Раџа Казабланка, Рапид Виена, Олимпик Марсеј и Легија Варшава.

Позадината на прославата на Меси на Мундијалот во лице на Ван Гал

Документарецот на Нетфликс за Светското во Катар, објаснува еден момент од четвртфиналето меѓу Аргентина и Холандија, кој не бил случаен.

Нова ѕверска партија на Дончиќ, уфрли 30 уште до полувреме

Далас Маверикс и по трет пат сезонава го совладаа Портланд Трејл Блејзерс, овојпат 126:97 а лидер во триумфот секако беше најдобриот кошаркар на Мавси.

Барса конечно го доби Ел класико со Реал

Кошаркарите на Барселона конечно сезонава го победија вечниот ривал. Во 18. коло од Евролига на домашен паркет Каталонците славеа 83:78 и му го нанесоа на Реал Мадрид само вториот пораз сезонава.

Фудбалер на Жирона ја понижи цела одбрана на Атлетико за голема победа во 91-ва минута

Прво ја победија Барселона на гости 2:4, за прв пат во историјата, а сега слават над Атлетико Мадрид 4:3, исто така за прв пат во историјата. Жирона сè повеќе наликува на Лестер 2016.

Запознајте го Итан Мбапе, брат му на Килијан со кој заигра неколку минути

Не е напаѓач, туку игра во среден ред, но за сега ги следи стапките на брат му во изборот на два клуба. Роден е 2006-та и е под договор со ПСЖ кој смета на него.

Средбата на Мекгрегор со Путин која мина чудно

За Светското првенство во фудбал кое Русија го организираше беспрекорно, лудиот Ирец дошол ем да гледа натпревари ем да се слика со рускиот претсдател. И навикнат на чалам, крена рака во вис, но луѓето од обезбедување го опоменаа.

Што ако е 224 см висок, а јас 188, има преку него да ја забијам

Мемфис Гризлис го доби Сан Антонио Спарс со 106:98. Забавата за публиката ја приреди кој друг ако не Џа Морант, кој дрско и храбро успеа да ја забие преку Виктор Вембанјама. Разликата во висина е 36 см.

Погубна компилација за одбраната на Манчестер, непоимлива во времето на Видиќ и Фердинанд

Манчестер Јунајтед игра нова неуспешна сезона. Има 9 порази по 20 кола, на -9 од четврто место и на -15 од прво, со елиминација во ЛШ уште во групи. Мегваер и другарите од последната линија, нека го ѕирнат клипов кој во 1 минута е полн со слични или идентични голови кои ги примиле само сезонава. Дупка до дупка во одбрана.

Од каде во Селтик толку многу Јапонци и Корејци и сите се главни играчи

На 30-ти декември се одигра големото шкотско дерби меѓу Селтик и Ренџерс. Победија зелено-белите 2-1 во жесток дуел во кој стрелец беше и еден од многуте Јапонци во тимот, Киого Фурунаши. Синоќа Селтик играше пак, против Сент Мирен на гости и победи 0-3 а првиот погодок на мечот уште во 54’ секунда беше дело на Јапонецот Маеда.

Зошто во Англија има толку многу фудбалски дивизии?

Фудбалскиот клуб Нектон бил официјално најслабиот во цела Англија во 2023-та година. Овој клуб не го слушнале ни најверните кладилничари кои знаат места по фудбалски клубови подобро и од најдобрите географичари.

Нетфликс уловил глупост на Мартинез пред Мбапе да шутира пенал на финалето во Катар

На 30 декември, Нетфликс го објави документарецот за Мундијалот во Катар, направен во шест епизоди. Мислевме дека сè сме виделе од тоа аргентинската бараба, која ги спаси своите со ненормална одбрана во 123-та минута, ама овој детал го немаше во преносот.

Фантастичен скок на Словенецот Ланишек

Словенецот Анже Ланишек го забележа најдобриот резултат во квалификациите во Инсбрук, третата станица од новогодишната традиционална турнеа „Четири скокалници“.

Најдобрите поени од фантастичниот кам бек на Надал

По пауза од 349 дена, Рафаел Надал му се врати на тенисот и тоа во голем стил со победа од 2:0 (7:5, 6:1) над Доминик Тием. Во првото коло на АТП турнирот во Бризбејн, Австралија, Надал изгледаше како да немал ниту еден ден пауза. Во транс ја фрли публиката.

Миовски не мирува, 2024-та ја почна со гол и асистенција

Како што ја заврши старата, така и ја почна новата година. Македонскиот центарфор не престанува да импресионира во шкотскиот фудбалски шампионат.

Нов начин на задржување време за прв пат виден во фудбалот

Сè до сега беше сведено на бавно изведување на голманот или тупење на топката покрај корнер знаменце. Овој ги надмина сите очекувања на сите луѓе во светот што пратат фудбал. Се работи за играч на англискиот петтолигаш Јорк Сити кој има 1:2 на гости и напад во 98-ма минута.