Offside

Светското првенство 2026 никако да стивне. Се уште стигнуваат вести дури и една недела после големото финале во кое Шпанија ја совлада Аргентина со 1-0 и после европската титула ја освои и светската. Сега стигнува информација дека САД би можеле на име на даноци да и земат на Шпанија дури 19 милиони долари од рекордната сума која ФИФА ја дава за светски првак.

Реал царува во Мадрид, пеналите кобни за Атлетико!

Познати се сите четвртфиналисти во Лига на шампиони откако вечерва се одиграа реванш дуелите од осминафиналните средби. Арсенал по историските 1-7 кај ПСВ, дома одигра 2-2 и со вкупни 9-3 оди понатаму. Атлетико Мадрид и Реал Мадрид решаваа на пенали а „кралевите“ ги изведуваа поспретно. Борусија го совлада Лил на гости и обезбеди четвртфинале, а Асенсио ја одведе Астон Вила на тоа место.

Очајниот пенал на Винисиус кој се посрамоти

Атлетико Мадрид ја надомести негативата од еден гол против Реал Мадрид уште во 27-ма секунда од реваншот кога Конор Галахер погоди за 1-0. Во 70-та минута Реал Мадрид доби пенал а го промаши Винисиус кој шутираше далеку над голот.

Врвниот цепелин на Кузманоски-Костески

Македонската репрезентација не успеа да го сочува до крај водството од првиот дел против Словенија и на крајот изгуби убедливо 26-32 во натпревар од квалификациите за Европско првенство 2026. Момците на селекторот Кире Лазаров во одредени моменти покажаа дека одличните партии од Светското првенство не биле случајност.

Словенија сепак пресилна за Македонија, „змајчеки“ победија во Скопје

Пред преполни трибини на домашен терен во Скопје, македонската ракометна репрезентација вечерва имаше одличен прв и очаен втор дел од квалификацискиот дуел за Евро 2026 против Словенија. На крајот конечни 26-32 за „змајчеки“ кои покажаа зошто важат за ракометна велесила.

Стотици ривалски навивачи едни до други и пак мирно

Пред почетокот на големото мадридско дерби меѓу Реал и Атлетико, неколку илјади навивачи на „кралскиот клуб“, реципроцитетно во однос на капацитетот на стадионот, добиле карти за гостинскиот сектор. Додека се движеле натаму, рамо до рамо им стоеле бучни навивачи на Атлетико. Освен по некоја навредлива песна, ни најмала искра немало меѓу нив. 

Каков луд почеток на дербито - Атлетико му даде гол на Реал од соблекувална

Во едно од најжестоките дербија во Европа, Атлетико Мадрид во реваншот од осминафинале на Лига на шампиони го отвори мечот против Реал Мадрид со гол во 27-ма секунда. Англискиот репрезентативец Конор Галахер погоди и најави лудо дерби до крајот. Во моментов вкупниот резултат е 2:2.

Шалке на гостување колку цела Бундеслига на гостување

Дваесет и пет илјади (25.000) навивачи на второлигашот Шалке 04 биле на гостинскиот натпревар против Херта во Белрин изминатиот викенд. Во текот на сите натпревари во германската Бундеслига тој викенд имало вкупно 26.500 гостински навивачи. Шалке победи 1-2 и се наоѓа на 11-то место во втората лига. Херта Берлин е на 14-то место и ќе се бори за опстанок во втора лига.

Норвешки селектори на скијачи правеле дубари со костими, одземени им се медалите од Светско првенство

Голем скандал го тресе скијачкиот свет откако двајца норвешки натпреварувачи во скијачки скокови манипулирале со опремата за време на Светското првенство кое се одржува во нивната земја.

Кога сака - сака

Во 21. коло од фудбалската Суперлига на Данска, лидерот Мидтјиланд на гости славел 1-4 против Алборг. Третиот гол на мечот за гостите го дал Дарио Осорио. Откако ја „искршиле“ пречката и стативата на домашниот голман.

А фудбал со брзо одење сте гледале?

Треба да има Лига на шампиони во овој спорт. Вторник и среда навечер да се пренесува на телевизија. Ако може некој да гледа со внимание снукер, ќе може и ова.

Тиери Анри кажа кој е за него главен фаворит за Златна топка

Прекрасната Кејт, стандардните Тиери Анри и Мика Ричардс биле во студиото на СБС Спортс вечерта за Лига на шампиони. Џејми Карагер бил на „Енфилд Роуд“ во живо да го гледа испаѓањето на Ливерпул од ПСЖ на пенали. Него го заменувал посебниот гостин, Кристијан Бобо Виери. Ричардс (играше едно време во Фиорентина) пробал да му зборува италијански. А Анри кажа кој води во трката за Златна топка.

Навивачи на Бенфика беснееле на стадионот на Барселона

Португалската полиција пред една недела имала жестока акција против навивачките групи во оваа земја а главна на удар била групата No Name која ја поддржува Бенфика и е во пријателски односи со Торцида Сплит. Синоќа на стадионот „Монжуик“ во Барселона каде гостуваше Бенфика (3:1), гостинските навивачи од Лисабон ги нападнале редарите во гостинскиот сектор.

Што ли ќе биде ако го победат Реал Мадрид?

Навивачите на Атлетико Мадрид важат за едни од најжестоките на Пиринеите. Вечерва во Мадрид ќе се игра реваншот од осминафиналето на Лига на шампиони меѓу Атлетико и Реал, градското дерби кое ќе одлучи кој ќе патува во четвртфинале. Првиот дуел го доби „кралскиот клуб“ 2:1. Навивачите на Атлетико Мадрид синоќа пред хотелот им дале бурна поддршка на играчите.

ПСЖ го освои Енфилд, Донарума е кралот на пеналите!

По болниот пораз во Париз на првиот меч 0-1 кога ПСЖ имаше еден куп шанси но изгуби во самиот финиш, вечерва тимот на Луис Енрике славеше со ист резултат па мечот отиде во продолженија. На „Енфилд Роуд“ Парижаните подобро изведуваа пенали, а Донарума одбрани два и францускиот шампион заслужено оди во четвртфинале.

Баерн и Интер закажаа спектакл меѓу нив во четвртфинале

По триумфите на првите натпревари, Баерн Минхен и Интер славеа и вечерва на реваншите против ривалите Баер Леверкузен и Феенорд во осминафиналето на Лига на шампиони. Со овие победи закажаа двомеч меѓу нив во прав европски класик.

Чудесниот гол на Ламин Јамал против Бенфика

Барселона игра во сјајна форма во текот на целата сезона, а Каталонците вечерва станаа прв четвртфиналист во Лига на шампиони. Рафиња постигна два гола а Ламин Јамал имаше асистенција и гол. И тоа каков гол во триумфот од 3-1 против Бенфика.

Барселона игра атомски фудбал и е прв четвртфиналист

По триумфот на гости 0-1, Барселона и на реваншот ја совлада Бенфика, овојпат убедливо 3-1 и е прва екипа која обезбеди четвртфинале. Рафиња и Ламин Јамал играат во луда форма, Барса со нив сигурно во моментов е фаворит за титулата во Лига на шампиони.

Фудбалската фотографија на годината е од Брајтон

Брајтон е фудбалски клуб од градот Брајтон и Хоув, во Источен Сасекс во Англија. Овој град има околу 277.000 жители и важи за најголем крајбрежен центар во државата. Градот лежи на Англискиот канал и е на 80-ина километри од Лондон. Фудбалскиот клуб Брајтон конечно се стабилизираше во Премиер лигата и игра важна улога. Сезонава сериозно се бори за пласман во Лига на шампиони што би бил историски најголем успех на клубот.

Син му на Буфон дебитираше во сениорски фудбал

Седумнаесет годишниот Луи Буфон го имаше своето деби за италијанскиот второлигаш Пиза на меч против Специја. Пиза која е втора на табела и има големи шанси да влезе во Серија А првпат после цели 34 години од клупата ја води Филипо Пипо Инзаги.

Марсело по дома

Бразилецот кој важи за еден од тројцата најтрофејни фудбалери на сите времиња, ужива во своето слободно време кое го има по фудбалската пензија.

Нова жестока тепачка во НХЛ

На мечот меѓу Јута и Торонто Мепл Лифс во НХЛ лигата кој гостите го добиле 3-4 Мајкл Кеселринг од Јута и Симон Беноа се дофатиле. Првиов започнал со удар познат во УФЦ октагоните.

„Олд Трафорд“ ќе оди во историјата, ќе се гради нов ултра модерен стадион

Во интервју за Тајмс, сопственикот на мнозинскиот пакет акции во Манчестер Јунајтед, милијардерот Сир Џим Ратклиф ја потврдил веста дека постојат планови и дека активно се разговара околу изградба на нов стадион наместо досегашниот „Олд Трафорд“.

Миовски беше сведок на најсилната одбрана во Ла Лига

Во малото дерби на Барселона, Еспањол и Жирона одиграа 1-1 и си поделија по бод. Бојан Миовски играше од почеток за гостите и доби 70 минути пред да биде заменет од ветеранот Кристијан Стуани кој го израмни резултатот од пенал во 88-ма минута. Претходно Жоан Гарсија, голманот на Еспањол кој важи за еден од најдобрите голмани во шпанскиот фудбал, имаше невозможна реакција при еден топовски удар на гостински фудбалер.

Лука Дончиќ и со очаен шут стигна до трипл-дабл

ЛА Лејкерс играше сјајно и забележа дури осум победи по ред. Со доаѓањето на суперѕвездата Лука Дончиќ а заминувањето на Ентони Дејвис екипата играше уште подобро, но сега се повреди Леброн Џејмс и уморот како да ги стинува „езерџиите“.