
Пред повеќе од 50.000 гледачи, навивачи на Манчестер Јунајтед и Тотенхем на култниот „Сан Мамес“ во Билбао, тимот од Лондон славеше со 1:0.
Јунак на триумфот беше Бренан Џонсон кој го даде единствениот гол во 42' минута. Фантастичен потег имаше и стоперот Мики Ван де Вен кој во еден момент во 68-ма минута со луда интервенција извади топка од гол линија и спречи Манчестер да израмни.
Тотенхем ги одби сите напади на ривалот од Манчестер и на крајот заслужено прослави историски триумф кој им ја спаси сезоната. Спарс одиграа мизерна сезона во Премиер лига и само слаби резултати на ривалите ги спаси од испаѓање во втора лига.
Сега Тотенхем ќе игра во Лига на шампиони, на огромна радост на илјадници нивни навивачи. Неверојатно звучи и податокот дека Манчестер Јунајтед го губи 5-то од 6 финалиња од 2009-та година наваму.
За првпат после цели 11 години Манчестер Јунајтед ќе остане без еврокупови, а втор пат после цели 36 години.
Интересен факт: Тотенхем сезонава четири пати играше против Манчестер Јунајтед и победи сите четири пати: два пати во Премиер лига, еднаш во Лига Куп и сега во финале на Лига Европа.
КУП НА УЕФА/ЛИГА ЕВРОПА ШАМПИОНИ:
7 трофеи Севиља
3 трофеи Интер, Ливерпул, Јувентус, Атлетико Мадрид, Тотенхем Хотспур
2 трофеи Борусија Менхенгладбах, Фејнорд, Ајнтрахт Франкфурт, Гетеборг, Реал Мадрид, Парма, Порто, Челси
1 трофеј Андерлехт, Баер Леверкузен, Ајакс, Манчестер Јунајтед, ПСВ Ајндховен, Ипсвич Таун, Наполи, Баерн Минхен, Шалке, Галатасарај, Валенсија, ЦСКА Москва, Зенит Санкт Петерсбург, Шахтјар Доњецк, Виљареал, Аталанта.