Тренерот на Тотенхем го одржи ветувањето

Интересно звучи фактот дека Анге Постекоглу пред неколку месеци изјави дека тој е тренер кој бере трофеи само од втората сезона во еден клуб па натаму. И така и бидна со Тотенхем.

Лондонски Тотенхем долго време го биеше глас дека носи некое проклетство. Цели 17 години немаа освоено трофеј во домашните натпреварувања, а дури 41 година не се израдувале на евро пехар.

Сега ја прекинаа серијата и тоа во најмизерната сезона можеби во клупската историја во Премиер лига.

До трофејот ги водеше австралискиот тренер со грчко потекло Ангелос (Анге) Постекоглу. Тој во август минатата година пред натпреварот од првото коло на Премиер лига во интервју за Скај Спортс изјавил:

„Обично од втората сезона собирам трофеи. Првата година минува на воспоставување принципи и создавање основи. Се надевам втората година ќе принесе трофеј“.

Така и бидна. Тотенхем го совлада Манчестер Јунајтед во големото финале на Лига Европа со 1:0.

Медиумите се фатија за овие зборови на Постекоглу и на истекот на сезонава, најочајна за Тотенхем во последните 50-ина години, само чекаа кога тој ќе добие отказ од управата.

Новинарите постојано се враќаа кон овие цитати а сега се испостави дека Постекоглу секогаш во тренерската кариера освојувал титула баш во втората сезона на клубот кој го водел:

- Јужен Мелбурн, првенство на Австралија 1997/1998
- Бризбејн Роар, првенство на Австралија 2011/2012
- Јокохама Ф. Маринос, првенство на Јапонија 2019
- Селтик, првенство на Шкотска, Куп на Шкотска и Лига Куп на Шкотска, сезона 2022/2023
- Тотенхем, Лига Европа - 2025

Постекоглу го освоил во втора сезона и Купот на Азија во 2015-та година со репрезентацијата на Австралија. Претходно бил селектор на разни младински селекции на Австралија.

Со три клуба кои ги водел во кариерата не освоил ништо - Панахаики во Грција, Вајтлс Зебрас и Мелбурн Викторија во Австралија. Но во овие клубови работел помалку од две сезони.

Тотенхем е во рајот, победа во големото финале против Манчестер Јунајтед!

Неверојатната интервенција на гол линија на Мики Ван де Вен

УЕФА тутурутки, им снема медали за Сон, Ромеро и Бентанкур

22 мај 2025 - 09:50