
Планинарската тура ќе биде во чест на празнувањето на еден век од основањето на планинарскиот клуб „Љуботен“ кој слави 100 години. ПК „Љуботен“ е основан на 23-ти март 1925-та од Орестије Крстиќ.
Се очекуваат стотици планинари од разни планинарски друштва од земјава и соседните земји. Програмата почнува од сабота а агендата е: прием на гости, акција за чистење на околината, базар на ракотворби, свечено отворање на самиот настан и музички настан со забава.