
Грција на почетокот на '70-те години делувала како орвеловски свет: тајна полиција, прислушкувања, мачење, потрага по непријателите на народот, забранети политички партии.
Во април 1967-ма година „Црните полковници“ ја завзеле власта а во првите денови од владеењето во затвор завршиле повеќе од шест илјади луѓе.
Тогаш настрадало и семејството Постекоглу. Димитрис го изгубил еснафот, а Вула работата. Кога главата на семејствата решила да бега од земјата, нивната ќерка Лиз имала 10 години, а синот Ангелос 5.
Во 1970-те години тие седнале на брод а со себе земале два куфери. И после еден месец пловидба стигнале до крајната цел - Австралија. За малиот Ангелос бројот 24 станал пропусница во новиот живот. Тоа му бил миграциониот број.
Грчкото семејство се нашло на сосема друг крај од земјата. Не знаеле ни збор англиски и немале појма ни каде ќе спијат, ни каде ќе работат.
Така почнал нивниот нов живот...
КАКО АНГЕ СО СЕМЕЈСТВОТО СЕ УЧЕЛ НА НОВ, ЧУДЕН СВЕТ?
Димитрис и Вула постојано работеле. Веќе заборавиле на комфорниот живот во Грција. Сега важно било само да се преживее. Тој работел се што може, а таа се вратобила како шивачка во фабрика. Децата слушале како мајка им плачела навечер. Штеделе за нов дом но уште долги години делеле живеалиште со уште едно семејство.
Кога нивниот комшија им кажал дека близу нив имало оставен нов душек кој некој го фрлил, Димитрис кој веќе тогаш од безбедност барал да го викаат Џим и сменил идентитет, отишол по душекот. Го вратил на грб и сфатил дека не го знае патот за назад а не знаел ни како да праша.
Малиот Анге од рани години растел поинаку од врсниците. Тој ивдел како родителите се пробиваат без да знаат збор англиски и како да се чувствувал отсечен од светот.
Му фалеле атинските плоштади и паркови и стадионот на АЕК каде татко му го носел и страсно навивале. Пет години по преселбата неговите родители му го смениле презимето од Ангелос Постекоглу во Ангелос Постекос. Тоа било пракса за грчките имигранти. Тој никогаш не го прифатил тоа, самиот сакал да остане горд Грк.
Набрзо се здружил со комшиските деца кои играле бејзбол и крикет, а тој сакал само фудбал.
КАКО СЕ ВЉУБИЛ ВО ФУДБАЛ?
Во недела Грците тогаш а и сега задолжително одат на две места: наутро во црква на литургија, навечер на стадион. Така и таткото Џим не можел без фудбал. Секоја недела го земал 8-годишниот син на натпреварите на „Саут Мелбурн“. Тоа е клуб основан од грчки имигранти кои меѓусебно се помагале и за викенди бегале од работната рутина од понеделник до петок.
А малиот Анге од осум години читал и гледал се за фудбал. Само тоа го интересирало. Се случувало и да станат во три часот после полноќ за да гледаат европски фудбал. Татко му бил груб и правичен со него, никогаш не го разгалувал.
НА 12 ГОДИНИ СТАНАЛ ТРЕНЕР ВО ШКОЛО
Прво малиот Ангелос на 9 години почнал да тренира во Саут Мелбурн. Од дома до таму им требало половина час возење. Анге бил талентиран и сакал да игра фудбал.
Во школата каде учел немало фудбалска екипа. Се собрале еднаш децата да играат а учителот по музичко им бил тренер. Но тој никакви тренинзи не водел, просто седел на клупа, проверувал домашни задачи додека децата трчале по топката.
После неколку такви натпревари, 12-годишниот Анге почнал да им дели совети а децата го слушале. Тој ги правел составите и им кажувал што да прават. Бил капитен и тренер.
Интересно после победиле на државното училишно првенство за деца до 12 години. Финалето се играле на стадионот на Саут Мелбурн.
КАКО ОД АНГЕ СТАНАЛ ПОЗНАТИОТ ТРЕНЕР ЕНЏ?
Другарите кои ги тренирал прво го викале Ангелос, па Анге, па Енџ. Постекоглу бил еден од најголемите австралиски таленти во тоа време. Во 1981-ва година заиграл за младинската репрезентација на Австралија на домашното младинско Светско првенство.
За Саут Мелбурн дебитирал на 19 години а веќе на 21 станал капитен на тимот на грчката дијаспора. Постекоглу цела кариера играл во родниот клуб и два пати освоил титула како играч. После титулата со Саут Мелбурн во 1991-ва одиграл уште четири меча за репрезентацијата на Австралија, а на 27 ја завршил кариерата поради повреда.
Сакал да стане тренер но во глава му се вртеле разни мисли: „А што ако не успеам? Како тоа ќе го прими татко ми? Како ќе ја покриеме сиромаштијата?“.
На 31 година станал тренер на Саут Мелбурн. Тука докажал дека има тренерски квалитети и два пати по ред станал шампион. Во 1999-та година дури освоиле и Лига шампиони на Австралија и Океанија. Така Саут Мелбурн се нашол на Светско клупско првенство каде се сретнал со страшниот Манчестер Јунајтед кој штотуку освои тројна круна.
Стариот се гордеел со синот но ништо не му кажувал.
Тогаш Енџ на бранот на успехот станал селектор на Австралија до 17 и до 20 години. Немал некои голем успех, не успеал да ја квалификува Австралиуја У-17 ниту У-20 на Светско првенство.
Анге уште тогаш бил на удар на критика како што беше и изминатава сезона. Го напаѓале новинари а во едно јавување во живо во емисија имал жестока расправија со поранешен репрезентативец на Австралија Крег Фостер. Анге одбил да превземе одговорност на себе.
Еден месец по овој скандал во емисија, Енџ се оженил со Џорџија. Со неа се запознал додека работел во Саут Мелбурн. Девојката таму била менаџерка и се заинтересирала за емотивниот и харизматичен тренер.
По свадбата добил отказ од селекторската позиција и не можел да најде нова работа во австралискиот фудбал.
СЕ ВРАТИЛ ВО ФУДБАЛОТ ПРЕКУ ТАТКОВИНАТА
Енџ долго барал работа. Набрзо станал стручен коментатор на Фокс Спортс. Немал избор, морал да прифати, а навечер тренирал деца на пријатели во локалните паркови.
Во март 2008-ма го побарал извесен Костас Макрис, австралиски мултимилионер со грчко потекло кој три години претходно го купил грчкиот третолигаш Панахаики. Макрис се сетил на Постекоглу и му понудил работа.
Енџ прифатил.
„Изградив кариера во Австралија но секогаш мечтаев да се вратам во татковината. Мојата филозофија е резултатот зошто амо тој има значење. Но сакам да играм и убав фудбал поради кои луѓето ќе доаѓаат на стадион. Ќе играме агресивно, ќе ризикуваме. Не се плашиме од никого. Цела кариера играв во една иста екипа. Бев тренер во еден тим а после шест години работев со репрезентацијата. Не сакам постојано да менувам клубови. Сакам да создадам нешто долготрајно“, рекол на промоција.
Но газда Костас бил проблематичен. „Тој е многу богат човек, спремен да потроши многу пари. Проблемот е што не се разбира воопшто во фудбал. Кога Макрис го купи Панахики клубот беше во втора лига па после првата сезона испаднаа во трета лига“, се сеќавал новинарот Вангелис Герогијанис и додава: „Ние на почеток не знаевме кој е тој. Знаевме дека е Австралиец со грчко потекло кој тренирал екипи во Австралија. Но на почеток на Постекоглу му било многу тешко: атмосферата му била чудна, навивачите имале преголеми очекувања“.
Останал 10 месеци и си заминал. Меѓу причините било доаѓање на нов газда кој сакал да влијае на изборот на составот но и економската криза и протестите во Грција.
КРАЈОТ ГО КРАСИ ДЕЛОТО
По враќањето дома во Австралија Анге Постекоглу пак не можел да најде работа. Побарал помош од главниот човек на А-лигата Арчи Фрејзер кој го однел во Бризбејн каде Гркот добил понуда од клубот Бризбејн Роар.
Првата година ја поминал во чистка на составот а потоа од просечна екипа освоил две шампионски титули по ред и имал серија од 36 меча без пораз - ден-денес најдолгата победничка серија во професионалниот спорт во Австралија.
Потоа работел и во славниот трофеен клуб Мелбурн Викторија а во 2013-та седна на клупата на репрезентацијата на Австралија. Пред да го назначат него „кенгурите“ губеа по 6:0 од Бразил и Франција, па од него се очекувало револуција. И ја направил: сам работел и скаутинг и пробал преку 50 потенцијални кандидати за репрезентација.
На Светското 2014-та Австралија падна во најтешка група: со Шпанија, Холандија и Чиле. Сите три меча ги загубија но оставија голем впечаток како напаѓачка селекција.
Во втората година како селектор на Австралија го освоил Купот на Азија кој Австралијците никогаш не го освоиле претходно.
ШАМПИОНСКИ ПАТ ВО ЈАПОНИЈА
После три години Постекоглу патот го однел во Јапонија каде потпишал богат договор со клубот Јокохама Ф. Маринос. Пред тој да дојде екипата била на 12-то место а следната сезона со него првпат после 15 години освоиле шампионска титула.
Анге Постекоглу сака брз, активен фудбал и бара иницијатива. Во 2019-та година неговата Јокохама имала 58% од посед на топка против големиот Манчестер Сити.
СЛЕДНА СТАНИЦА - ШКОТСКА
Во јуни 2021-ва го поставија за нов тренер на трофејниот Селтик. Тогаш арогантните британски навивачи се потсмевале со него и имало наслови и коментари од типот: „Енџ кој?!“, „Ова е новиот Тед Ласо“ и сл.
Селтик со него испаднал од дански Мидтјиланд во квалификациите за Лига на шампиони и изгубил од Хартс на старт на новата сезона во Шкотска.
Кон средината на септември таа година од Селтик заминале најдобриот стрелец во трите претходни сезони Одсон Еудар (во Кристал Палас), стоперот Кристофер Ајер (во Брентфорд) и Рајан Кристи (во Борнмут).
Тогаш Постекоглу се решил во Селтик да направи права мала азиска колонија: донел дури 6 јапонски фудбалери и тоа бил врвен погодок затоа што голем дел од нив ден-денес се главни играчи за „детелините“. Кего Фурухаши на пример во првата сезона дал 20 гола на 33 натпревари.
Селтик имал 8 победи во првите 15 меча и играл нестабилно. Но потоа се стабилизирале, го освоиле Лига Купот. Следната сезона, втора негова во Селтик и последна беше сјајна: им донесе тројна круна и Селтик со него постигна 114 гола во првенството. Освоија 5 пехари за 2 сезони со него.
„Јас сум тренер кој бере трофеи од втора сезона“, им рекол на англиските медиуми набрзо откако стана тренер на Тотенхем.
И тоа го докажа во големото финале на Лига Европа против Манчестер Јунајтед со голема победа за пласман во Лига на шампиони...