Наполи врие

Во Неапол од раните утрински часови сè е во знакот на нивниот сакан клуб Наполи. Вечерва во ист термин од 20:45 се играат два натпревари во Серија А и тоа двата кои одлучуваат за шампионското скудето. Последно коло е во Италија. Наполи со бод предност пред Интер, го пречекува Каљари пред 60.000 свои навивачи кои чекаат победа и шампионска титула. Нераѕурите гостуваат кај Комо и ќе прислушкуваат вести од под Везув.

23 мај 2025 - 14:05