Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Португалија го знае лекот за Шпанците

Репрезентацијата на Португалија е последната која ја има победено Шпанија на едно големо натпреварување, а пред две години им го нанесоа и најтешкиот пораз во последниве педесетина години.

Соиграчите му вратија на Балотели

По сите „закачки" на Балотели, дојде време за одмазда. Сограчите го начекаа и убаво му наплатија со чврги.

Тетовирано ЕУРО 2012

Фудбалските ѕвезди го искористија Европското првенство и за промоција на нивните тетоважи.

Воведување технологија во фудбалот ќе биде историска грешка

Додека претседателот на ФИФА, Сеп Блатер најавува што поскоро воведување на некој од системите кој ќе покажуваат дали топката ја поминала гол-линијата, неговиот колега од УЕФА, Мишел Платини смета дека тоа ќе биде историска грешка.

Норвешки проектил од 40 метри

Голот на неделата ни доаѓа од норвешката лига, а го постигна дефанзивецот Вегар Еген Хеденстад од екипата на Стабаек на натпреварот против Валеренгра.

Шарапова може да стенка на раат

Женската тениска асоцијација (ВТА) има намера да ги мери и ограничува извиците на тенисерките, но оние гласните како Марија Шарапова, Викторија Азаренка и сестрите Вилијамс ќе можат да продолжат да си стенкаат на раат затоа што новото правило ќе почне да се применува за идните генерации на тенисерки.

По стапките на Дарко Панчев

Леон Најт, поранешниот член на Челси, КПР и Свонси, мотивиран од Дарко Панчев, сонува еден ден по завршувањето на кариерата да биде ТВ коментатор. Тој веќе почна да се вежба и тоа коментирајќи ги своите голови.

Кикс на Дарко Тофилоски

Поранешниот голман на прилепска Победа кој сега брани во словачкиот клуб Кошице, на пријателскиот натпревар со Рапид Букурешт направи кикс во стилот на Пол Робинсон.

И камерманите се збунија од Веснина

Елена Веснина ја шокираше Венус Вилијамс елиминирајќи ја од Гренд слем турнирот во Вимблдон, но освен пет-кратната шампионка, Русинката ги збуни и камерманите на Би-Би-Си.

Французите ја гаѓаа вереницата на Касиљас

Пред натпреварот помеѓу Франција и Шпанија, францускиот репрезентативец Марвин Мартин ја гаѓаше шпанската новинарка Сара Карбонеро, инаку вереница на Икер Касиљас.

Канаѓанките се соблекоа

Канада има женска рагби репрезентација? И ние не знаевме, но сега и тоа како знаеме. Канаѓанките се соблекоа за да го промовираат својот спорт и својата репрезентација. Ух, колку само фали една вакава промоција на македонската женска одбојкарска репрезентација.

Малтерџија - најдобар стрелец во Англија

Најдобар стрелец за изминатата сезона во Англија не е Робин ван Перси, ниту Вејн Руни, туку фудбалер од шестата по ранг лига кој тренира само кога има слободно време помеѓу две малтерисувања.

Што пие Балотели?

Некој нешто му подметнал во пијалокот на Балотели или повторно нешто се глупираше?

Англичаните не ги бива за пенали

Елиминацијата на Англија на Европското првенство по изведување на пенали не е никакво изненадување познавајќи ја нивната историја од последните дваесетина години кога само еднаш од седум обиди тие беа поуспешни по изведувањето на ударите од белата точка.

Вардар против БАТЕ Борисов во квалификациите за ЛШ

ФК Вардар го доби најнепосакуваниот противник. Во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони ќе се сретне со екипата на БАТЕ Борисов од Белорусија.

Брутален нокаут

Ударите со нога кога противникот е на земја се забрането во повеќе ММА организации, но не и во азиската ONE FC. Тоа најдобро на своја кожа го осети Роџер Хуерта кој беше брутално нокаутиран од Зоробабел Мореира.

Нешто е труло во репрезентацијата на Холандија

Атмосферата во репрезентацијата на Холандија била нарушена уште пред почетокот на Европското првенство, а неколку фудбалери биле пресреќни кога нивниот соиграч Робен го промашил пеналот во финалето на Лигата на шампиони.

Почина 23-годишен поранешен член на Ливерпул и Бетис

По долга борба со ракот, синоќа почина 23-годишниот Мики Роке, поранешен младински репрезентативец на Шпанија и член на Ливерпул и Бетис.

Инцидентот помеѓу Малдонадо и Хамилтон

Фернандо Алонсо ја освои Големата награда на Европа победувајќи на осмото гран-при оваа сезона, а трката освен неговата победа беше одбележана и со сударот помеѓу Пастор Малдонадо и Луис Хамилтон.

Паненката на Пирло

Џо Харт учел од Youtube за пеналите на Италија, но најверојатно кога барал за Пирло добил порака "This video is not available in your country". 

Италија поуспешна од Англија по пенал-драмата

Репрезентацијата на Италија е последниот полуфиналист откако по изведување на пенали беше поуспешна од Англија по еден од поинтересните, но и единствен натпревар на Европското првенство кој заврши без голови.