Во борбата за третата позиција на трката во Шпанија, Малдонадо се обиде да го претекне Хамилтон во претпоследниот круг. Меѓутоа овој обид резултираше со судар по што трката за Хамилтон заврши, а Малдонадо успеа со оштетениот болид да ја помине целта на десетата позиција.
Сепак официјалните лица по трката го казнија Малдонадо со 20 секунди по што тој падна на 12-та позиција.