Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Братучед му на Меси

Аргентинецот Макси Бјанкучи кој настапува за бразилската екипа Виторија, не е многу познат по своите голови, туку по фактот што тој му е братучед на Лионел Меси. Но, очигледно крвта не е вода, па и постариот роднина знае да постигне по некој добар гол.

Морган vs Роналдо

Не ги претставуваме како ривали. Алекс Морган е згодна фудбалерка од Америка која на натпреварот против Германија постигна фино голче, исто како она на Роналдо од пред некое време.

На Ибрахимовиќ ништо живо не му стасува

Живее во ултра луксузен кралски дворец изолиран од градскиот метеж во Париз, зема месечна плата од милион евра, Господ знае уште колку пари има во банка, а се буни за премиите кои ги одредил клубот во случај на шампионска титула на ПСЖ во домашното првенство.

Ај малку да бутнете

Наместо медицинските лица да им помагаат на фудбалерите, овој пат играчите на бразилскиот клуб Спорт Ресифе мораа да им помогнат нив и да им ја избуткаат расипаната количка. Носилки си се носилки (не дека со нив не се случуваат незгоди).

Пандев и Челси донесоа пари, Интер најмногу разочара

Саботата беше скоро совршен ден за обложувачите, но во неделата потфрлија Интер, Лион, Ливерпул... Прочитајте кој разочара, а кој ви донесе најмногу пари викендов во Спортлајф обложувалниците.

Понеделнички фудбалски мерак

Од фудбал никогаш доста. Како загревање за тридневните фудбалски возбудувања со реванш натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа, вечерва во Манчестер и Рим ќе се водат битки на двата големи градски дерби меча. Јунајтед против Сити, Рома против Лацио.

Манчестер обоен во црвено

Манчестер Јунајтед ја доби првата битка во пресрет на големото градско дерби кое ќе се одигра вечерва. Навивачите на Јунајтед ги надгласаа фановите на големиот градски ривал и ја обоија зградата на градското собрание во црвено.

Ле Тисие се врати на терените

По 10 години пауза, 44-годишната легенда на Саутемптон и англискиот фудбал, Метју Ле Тисие реши да ја ги напушти пензионерските денови и повторно ќе игра фудбал за нисколигашот од неговиот роден град.

Егзибиционистот Мирко

Црногорецот од редовите на Јувентус, Мирко Вучиниќ има необична навика да се соблекува по гаќи по постигнување на гол.

Утката на Ранокиа

Дефанзивецот на Интер, Андреа Ранокиа во последната минута од натпреварот имаше огромна шанса да му донесе израмнување на својот тим, но го направи најголемото промашување во Серија А оваа сезона и на крајот неговиот тим загуби на домашен терен од Аталанта со 3:4.

Уште една мајсторија на Пандев

Пред две кола Горан Пандев ја прекина својата најдолга црна серија без постигнат гол во Серија А, а со нов погодок при денешната победа над Џенова тој потврди дека се враќа во голгетерска форма.

Македонија високо поразена од светскиот шампион

Иако според играта и пристапот во првото полувреме, избраниците на Обрван ја поправија лошата игра од првиот дуел и добро се носеа против големата ракометна сила, на крајот доживаа убедлив пораз од 29:17 во четвртото квалификациско коло за Европското првенство во Данска.

Голчиштето на Игуаин

Фудбалерите на Леванте во 31 минута први поведоа на Сантијаго Бернабе и го изненадија Реал Мадрид. Но за само 5 минути следеше израмнувањето и најубавиот момент на мечот кој на крајот Кралевите го завршија со „петарда“ во мрежата на гостите.

Баерн Минхен рекордно брзо до 23 шампионска титула

Со голот на Бастијан Швајнштајгер, фудбалерите на Баерн Минхен славеа на гостувањето против Ајнтрахт Франкфурт со 1:0 и веќе во 28 коло од Бундес лигата се шампиони во првенството со 20 бода пред минатогодишниот првак Борусија Дортмунд.

Голови на неделата

Уживајте во изборот од најдобрите 10 голови за изминатите 7 денови, а помеѓу нив и мајсториите на Ба, Роналдињо, Меси, Кавани...

Тикет на колото

Минатата недела имавме добитен тикет и овој викенд богат со фудбалски натпревари повторно одиме со наш тикет на колото со 6 предлози за типување.

Бо Мекејлеб со пораз се прости од Евролигата

Нашиот плејмејкер со тимот на Фенербахче неславно ја завршува топ 16 фазата од Евролигата и со пораз во турското дерби од 80:73 заврши на последната позиција на табелата во групата Ф во која успеа за оствари само еден триумф.

Балканците планирале да местат и во Лига Европа?

Долгата истрага за големиот скандал со местење натпревари во Италија која се води во обвинителството во Кремона, постојано открива нови детали околу плановите на балканската врска која оперираше во италијанските лиги во корист на шефот од Сингапур, Дан Тан.

Новите дресови на Барселона

ФК Барселона продолжува да изненадува со своите луди идеи за дресови. Според шпанскиот весник Sport, фудбалерите на Барселона ќе ги носат овие дресови додека се загреваат пред натпреварите.

Промашените резервисти во Серија А

Можеби не е лесно да се просперира во италијанското фудбалско првенство како напаѓач со оглед на дефанзивниот фудбал кој го практикуваат многу екипи. Но ако ве бива за фудбал, ќе ве бива и во земјата која живее за фудбалот, па и на постари години.

Забавната страна на НБА

Се наближува плејофот во НБА лигата, па во изминатиот месец видовме многу интересни натпревари полни со неизвесност, но и многу забава. Ова се најзабавните моменти од месец март.

Кога маскотата ќе се попали

Маскотите треба да ги забавуваат гледачите на спортските натпревари, но популарниот Змајчек, маскотата на кошаркарскиот клуб Олимпија од Љубљана, малку претера со анимирањето на двајца домашни навивачи.