Offside

Во Германија со месеци се дискутира проблематиката со инфлуенсери и влогери на стадионите а сега прв реагираше Динамо Дрезден, култниот клуб од источна Германија кој презема мерки со цел да се сузбие злоупотребата на права.

Банега бара клуб и игра сервис со нарко банди

Откако не се најде на списокот фудбалери кои играа за Аргентина на СП во Бразил, Евер Банега утеха најде на маалските терени на Лос Монос бандата од Розарио, која се занимава со сомнителни трансфери на играчи.

МЛС ѕвездите подобри од европските

Фудбалерите на Баерн Минхен не успеаа да ја сочуваат предноста против ол стар тимот од северноамериканскиот континент кој не го испочитува до крај Пеп Гвардиола.

Национал извлече реми во финалето на Либертадорес

Во првиот натпревар од финалето на Копа Либертадорес, аргентинскиот тим пропушти голема прилика со предност да го чека реваншот против парагвајскиот Национал, откако домаќините израмнија во 93' минута.

Стојан Ѓуроски потпиша за Левски

Македонскиот репрезентативец и досегашен играч на Луизјана Тек, потпиша 3-годишен догoвор со бугарскиот клуб Левски. Ова е првото засилување на Левски годинава.

Разликата меѓу Касиљас и Навас

По тренинзите на Костариканецот јасно ни е зошто толку Реал запна по него. Конкуренција на „Сантијаго Бернабеу“ ќе му бидат Икер Касиљас и Диего Лопез. Со староседелецот веќе го доби првиот дуел.

Кога парите се поважни од верноста кон клубот

Френк Лампард си замина од Премиер лигата како легенда на Челси каде одигра 13 сезони. Но до американската авантура која поради паузата во МЛС лигата ќе му почне наредната година, скршна по друг пат кој го врати на островот во тимот на Манчестер Сити. За такви случаи навивачите не простуваат.

Судењето на Веб во Премиер лигата

Еден од најдобрите светски судии денеска беше испратен во пензија како голем навивач на Манчестер Јунајтед. Статистиката во последните пет сезони во Премиер лигата покажа дека кога тој судел, нивните градски ривали и Арсенал во просек освоиле најмногу бодови.

Роберт Левандовски си најде нов клуб!

На познатиот центарфор на Баерн му најдовме истоименик во кошарката кој не ни звучи познато, освен по тоа што го носи неговото име и презиме.

Кој дрес ќе го повлече Јунајтед за пензионирањето на Хаурд Веб?

Славниот англиски судија се повлекува од судењето по 25 годишна кариера. Официјалната вест за неговото заминување од зелените терени е проследена како да се повлекува играч од тимот на Луи ван Гал.

Како Оливер Бироф но во сопствената мрежа

Големото чилеанско дерби меѓу Универзидад де Чиле и Сантијаго Вондерерс не го одбележаа кореографиите, пиротехниката и полниот стадион, туку дефанзивецот на гостинскиот тим. Среќа во Чиле не убиваат за автогол како во Колумбија, па Агустин Пара ќе може мирно да спие по овој евро автогол.

Автоголот со лоб кој не се брани

За фудбалерот на ВБА, Крег Доусон се зборува дека ќе си замине од клубот и веројатно ќе потпише за Барнли. По овој автогол, тоа сигурно ќе се случи.

Прва жена асистент тренер во НБА

Откако за прв пат дебитираше жена тренер во фудбалот, во втората француска лига, сега и во НБА лигата жена ќе црта тактики по таблите, како асистент на Грег Попович во Сан Антонио.

ФИФА преку женскиот фудбал ќе тестира вештачки терени

Организацијата за Светското првенство за жени кое следната година ќе се игра во Канада ги налути фудбалерките кои испратија петиција до светската куќа на фудбалот.

Алонсо ќе зема поголема плата од Коби, Леброн и Федерер

Според пишувањата на германскиот Билд, Шпанецот Фернандо Алонсо побарал и ќе добие дупло поголема плата во Ферари со што ќе го надмине легендарниот Шумахер.

Ибраими јунак на Марибор со два гола

По кусата авантура во Серија А каде беше на позајмица во тимот на Каљари, Агим Ибраими го однесе Марибор во четвртото квалификациско коло од Лигата на шампионите. По триумфот над Макаби Тел Авив од 1:0, македонскиот репрезентативец постигна два гола на реваншот во Израел каде мечот заврши 2:2. 

Комити: Видеото на МВР е монтирано за да ни ја префрлат вината

По вчерашното долго соопштение испратено до медиумите, навивачите на Вардар излегоа пред јавноста за да се произнесат за крвавиот инцидент на дербито помеѓу Пелистер и Вардар на кое сметаат дека полицијата целосно потфрлила во својата работа.

Бројките на виртуозот Чави

За избраниците на Бошко Ѓуровски едно гајле помалку во квалификациите за ЕУРО 2016. На 8 септември нема да треба да го чуваат човекот кој се повлекува од репрезентацијата на Шпанија, како еден од играчите со најмногу успешни додавања во историјата на фудбалот.

Како славен спортист реагира на автограм од Руни

Ворен Сап е познато 41 годишно магаре тешко 136 кила кое игра во амерканската НЛФ лига. Дел е од куќата на славните кои настапуваат во американскиот фудбал. По ова кусо претставување нормално е да се изненадите на неговата радост.

Славно пензионерско друштво во Италија

Мексиканецот Рафаел Маркез е последниот во низата ветерани кои следната сезона ќе играат во италијанската Серија А. Тој во Верона ќе му се придружи на 37 годишниот Лука Тони.

Што е следно во футсал?

За егзебициите во сала обично е дежурен Фалкао, а конкуренција му стана Тони. Еве им го сега и Бразилецот Марсио со ново дело

Порасна детето кое асоцира на хулиганство

Со изразот на лицето и покажувањето на средниот прст, малиот е икона меѓу најмладите навивачи години наназад. Сте ја виделе на стотици приказни поврзани со страсно навивање.

На Ватикан му се игра фудбал

Како загревање за хуманитарниот натпревар на Олимпико во Рим, репрезентацијата на Ватикан  претходно ќе одигра пријателска средба против ветераните на Борусија Менхенгладбах.

Чави се повлекува од репрезентација

Мајсторот од средниот ред на Шпанија и Барселона смета дека завршило неговото време во репрезентативната кариера.

Вирусот Ебола му пркоси и на фудбалот во Африка

Загриженоста поради сè поголемиот број заразени од смртоносниот вирус придонесе за одложување на неколку натпревари на Црниот континент.