Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда соопшти дека за дуелот со Нептунас досега се продадени преку 10.000 карти и заедно со сезонските влезници, се очекува Арената да биде исполнета.
Со одлука на навивачката група Делии, на вечерашниот дуел од Евролигата во белградската Арена нема да се навива, а поменот за настраданиот член ќе се одвива под мотото „Една празна столица за Марко“. Делиите одлучија и 25 минути (толку години имаше Ивковиќ) да не навиваат ниту на фудбалскиот натпревар против ОФК Белград во сабота.
Во меѓувреме, турскиот весник Хуриет објави фотографија и снимка од осомничениот за убиството кое што се случи минатиот петок на 21. ноември во Истанбул. Весникот уште и додава дека петмината уапсени дале одредени информации кои довеле до осомничениот.
Во натпревар од 7. коло на Евролигата, Црвена Звезда вечерва во 19:00 го пречекува литванскиот Нептунас. Двете екипи имаат ист учинок од 3 победи и 3 порази.