Редарите на Вајт Харт Лејн немаат мир вечерва, затоа што тројца гледачи влегуваа во терен и на три пати го прекинуваа дуелот од ЛЕ во Лондон. Едниот правеше селфи, другиот им бегаше на редарите 2 минути, а третиот го натера делегатот од Франција да го прекине натпреварот во 40' минута. По продолжението, судијата даде дополнителни 8 минути до полувремето. Се испостави дека сите биле навивачи на Тотенхем.