На само 27 години Меси може да се пофали дека е најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 74 голови, најдобар стрелец во шпанското првенство со 253 голови, рекордер со четири Златни топки, три пехари во ЛШ и има уште ред други трофеи и награди.
Статистиката покажува дека најчесто во ЛШ го полнел Милан на кој му има дадено 8 голови, на Ајакс, Арсенал и Баер Леверкузен со по 6, а против Спартак Москва и Панатинаикос стрелал по 4 пати.
Омилени тајминзи за полнење мрежи му се од 31 до 45 минута кога дал 20 голови и од 76 до крај на мечот кога постигнал 18 погодоци. 43 погодоци постигнал во групната фаза, 18 во осминафиналето, 9 во четвртфинале и по два во полуфинале и финале.
Дека ги работи дефанзивците низ Европа како бавча покажува податокот дека 53 од головите ги постигнувал од шеснаесетник, 11 надвор од него, 8 од пенал и 2 од слободен удар.
Детално инфо за сите 74 голови
Видео од нив
Дресот му го зема поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џон Рисе кој од сезонава настапува за АПОЕЛ.
„Му го побарав на полувреме, а тој беше многу љубезен и ми го даде. Тој е најдобар фудбалер во светот, а тоа го покажа и вечерва“, изјави Норвежанецот по мечот.