Актуелниот вицепрвак на Германија натпреварите од Бундеслигата на домашен терен ги игра пред околу 80.000 навивачи, а вчера тренирал на локално игралиште во Лондон. Јирген Клоп ја поведе екипата на тренинг на терен покрај кој обично џогираат луѓе и шетаат пензионери во околниот Риџент Парк.
Дортмунд и лани играше против Арсенал во групната фаза и тогаш тренираше на истиот терен, каде вчера зачудени ги гледаа сите што поминаа оттаму, па и на оние кои сакале да играат партија фудбал со пријателите. Милионерите минатата година славеа на Емирати 1:2, па очигледно мислат дека ова теренче им носи среќа. Вечерашниот натпревар почнува од 20:45, а Дортмунд веќе се пласираше во следната фаза.