Нотингем Форест – 42 натпревари (26.11.1977 – 9.12.1978)
Предводени од легендарниот Брајан Клаф, Нотингем Форест беше една од најдобрите англиските екипи во 70-те. Половина од овие 42 средби ги завршија нерешено, а таа сезона го освои првенството, како и Лигата на шампионите. Најпознатата победа им е онаа против Манчестер Јунајтед на гости од 4:0. Оваа серија ја остварија со вкупно 16 играчи.
Динамо Букурешт – 47 (26.5.1991 – 26.9.1992)
Со оваа серија романскиот состав практично го освои првенството без пораз и забележа 21 победа и 13 нерешени. Очекувањата беа дека ќе успеат да триумфираат и против големиот градски ривал Стеауа Букурешт, но не успеаа во тоа.
Јувентус – 49 (15.5.2011 – 03.11.2012)
Старата дама не успеа да направи јубијелна бројка од 50 меча без пораз. Во сезоната 2011/2012 Скудетото го освои со 23 победи и 15 нерешени, а следната сезона ја почна во ист ритам со 9 победи по ред. Серијата им ја прекина Интер со 3:1, а тоа беше нивниот прв пораз на новиот стадион.
Арсенал – 49 (07.05.2003 – 24.10.2004)
Постигнаа нов рекорд во англискиот фудбал и го добија прекарот „Непобедливи“ и тоа во период кога навивачите на Арсенал беа очајни за славје. Таа серија им донесе две титули во низа во Премиер лигата, а им ја прекина Манчестер Јунајтед со 2:0. Од 49-те средби, Арсенал ремизираше 13 пати, а другите ги победи.
Ајакс - 52 (28.08.1994 – 14.01.1996)
Пред 20 години Луи ван Гал направи импресивна серија од 52 меча без пораз која се случи во три сезони. Во 1995 година Ајакс немаше пораз во сите 365 дена ниту во првенството ниту на меѓународна сцена, тоа им овозможи титула во Холандија и во Лигата на шампионите. Во таа генерација играа Давидс, Ван дер Сар, Овермарс, Рајкард, Сидорф, Клајверт, Рајзингер, браќата Де Бур...
Порто – 53 (22.11.1994 – 23.03.1996)
Португалскиот состав за малку не успеа да го стигне рекордот на ривалот Бенфика кој во непобедливата серијата имаше три меча повеќе. Порто во тоа време за тренер го имаше Сер Боби Робсон на кој помошник му беше Жозе Мурињо. Ова дуо на клубот му донесе две титули по ред.
Бенфика – 56 (24.10.1976 – 01.09.1978)
Најголемата серија без пораз во Португалија Бенфика ја оствари пред четири децении. Пред само една година клубот го напушти легендарниот Еузебио, но серијата сепак и без него им донесе две шампионски титули.
Милан – 58 (26.01.1991 – 21.03.1993)
Италијанскиот гигант го има третиот најголем рекорд по непобедливост во европските лиги. Со оваа серија тие станаа првиот тим во Серија А кој стигнал до титулата без да загуби натпревар. Серијата ја почнаа против Парма (0:0) и ја заврши со нив кога по две години дома загубија со 1:0. За имињата во тогашниот состав ќе ви се обратиме како на крстозбор (види фото).
Селтик – 62 (20.11.1915 – 21.04.1917)
Не само што го држат рекордот по најдолга серија без пораз во Велика Британија, туку и втор најголем во историјата на фудбалот. Го остварија пред 100, а го држеа до пред 70 години. Серијата им заврши во последното коло од сезоната кога загубија од Килмарнок, а учинокот им изнесваше 162 дадени и 26 примени голови.
Стеауа Букурешт 104 (17.08.1986 – 09.09.1989)
Светскиот рекорд го држи Стеауа Букурешт кој со непобедлива серија од три години и три месеци стана првиот тим од Источна Европа кој ја освои Лигата на шампионите. Овој успех се случувал со многу контроверзности бидејќи клубот во тоа време бил под контрола на диктаторот Николaе Чаушеску кој влијаел кај судиите.