Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Уште една епизода на Фергусон со копачки

Првата е со Бекам на кој му ја удри во глава во соблекувална, а потоа фудбалската икона си замина, а втората се однесува на Диего Форлан кој не сакал да ги облече тие што биле по мерка на шкотскиот стратег.

Hawkeye - какви биле тенисер(к)ите како мали

Некои ќе ги препознаете од прва, а за некои тенисери и тенисерки кои редовно ги гледаме на телевизија, нема да ви биде верно дека толку се измениле со текот на времето.

Србија остана без Душко Кораќ

Легендарниот српски коментатор од кој не се пропуштаа преносите во атлетика, почина на 61 годишна возраст.

Марио Балотели во едно видео

Не тренира, не дава голови, не му се игра, мрзелив е, му се излегува, му се пушат цигари, му се пие алкохол. Карактерот на Балотели во кратко видео.

Слободен удар со три живи ѕида

Фудбалерите на Брентфорд на мечот против Бирмингем мислеа да ја сокријат траекторијата на топката со тоа што седум души ќе се наредат во два живи ѕида пред противничкиот гол.

Решавачкиот скок на колото во Премиер лига

Ватфорд беше многу блиску од изненадување во првото коло од 2016-та, но тоа го спречија Јаја Туре и Серхио Агуеро кои направија пресврт за 3 минути за конечни 1:2. Во фокусот на вниманието е скокот на најнискиот играч на средбата.

Офсајд лик: Ласина Траоре

Се работи за еден од највисоките фудбалери на денешницата со 203 см, на кој му требаше само едно полувреме да влезе во нашата омилена рубрика.

Во Ѓорче не ме сакаше тренерот, а сега играм во Русија

Минатата сезона се пресели во Русија, каде стана еден од подобрите стрелци во втората лига и најзаслужен за пласманот на Крилја Советов во руската Премиер лига. За неделникот Футбол зборуваше за војната во Македонија и скандалите со судиите.

Најубави кореографии за 2015-та

Најголемата навивачка заедница Ултрас Тифо и годинава организира избор за најдобра кореографија ширум трибините по светот.

Таблетот оди кај Христијан

Декемвриската битка за првото место беше неизвесна, а најблиску до тронот беа четворица Типстери кои завршија со профит од над 200 кредити.

Кога мора да играш фудбал на 1-ви јануари

Во Англија им се падна на четири второлигашки екипи да имаат коло за играње ден после новогодишната прослава. Најтешко на душата му беше на Џејмс Вилсон од Брајтон.

2015-та е за навивачите

Оваа година отворивме нова рубрика и ја крстивме „навивачи“ без кои нема фудбал. Страста, емоциите, патувањата, победите, поразите и зошто им даваат поддршка ни раскажаа девет македонски фан клубови.

Махери со 66.000 и малери со 133.000 евра

Од сите тикети кои ни ги пративте годинава ги извадивме најголемите 5 махери и најголемите 5 малери.

Тенисот во 2015-та

Годината што изминува белиот спорт ќе ја памети по доминацијата на Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс, рутината на ветеранот Федерер, шарлатанското однесување на Ник Кирјос, како и по контраверзните изјави на некои тенисери дека меѓу тенисерките имало многу лезбијки.

Ракометот во 2015-та

Оваа година донесе големи ракометни возбудувања за навивачите на Вардар кои повторно покажаа заби во Европа, но имаше огромни разочарувања за оние на Металург од каде си заминаа најдобрите. 2015 година ќе се памети по европската круна на Кире и неговиот јубилеј од 1.000 голови.

По 55 пенали, Кристијано прв пат промаши цел гол

Во 24. минута од мечот меѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад, Кристијано Роналдо од пенал го промаши целиот гол, нешто што не му се случило во претходните 55 изведувања во шпанската Ла Лига. Португалецот се извади во 42. минута од првиот дел (пази иронија од пенал).

Мурињо од џакузи слуша понуди

Мирор нè носи во Нанаи ресортот во Бразил каде Жозе Мурињо решил да одмори за Нова година по клоцата која што ја доби на Стемфорд Бриџ, каде навивачите и натаму го скандираат неговото име.

Како да изнервираш навивач на Ливерпул за 60 секунди

Прво ги нервиравме навивачите на Челси, па на Манчестер Јунајтед, а сега се на ред оние на Ливерпул. Има неколку болни моменти за нив, како губењето на титулата на пример која ја имаа в раце.

Роналдо му врати на Капело

Поранешниот бразилски напаѓач одговори на критиките на Капело кој барал подобра линија од него во Реал Мадрид.

Фудбалот преку фотошоп

Ибра ги нарече фудбалерите на Челси бебиња, Руни делеше шамари, Варди лекции, а Ван Гал од Лига на шампиони го однесе Манчестер Јунајтед во Лига Европа. Се отвори многу работа во фотошоп изминатава година.

Зборувам пет странски јазици и се разбирам со цела одбрана

Чешкиот голман во понеделникот против Бурнмаут не прими гол и на тој начин стигна до рекордни 170 натпревари во Премиер лигата на кои ја сочувал мрежата. Вели дека новата технологија и побрзите топки се тешки за фаќање.

Ќе му дадеме јадење и куче само да ни стане тренер

Најлошиот фудбалски клуб во светот го начека Мурињо како слободен тренер и му достави понуда.

Никој како Месут Озил во Премиер лигата

Габриел го искористи корнерот кој го изведе Озил и погоди против Бурнемут, а тоа донесе нов рекорд во англиското првенство.