Суарез ја преживеа казната за настап за Уругвај

Откако го гризна Киелини на Светското во Бразил, ФИФА на 4 месеци го отстрани Суарез од фудбалот и тој пропушти 9 меча. Суспензијата сега му заврши и наскоро ќе игра за својата земја.

По глупавиот гест кога пред цела светска јавност го гризна Киелини, Суарез почна да се одвикнува од репрезентативниот фудбал како последица од драстичната казна.
 
Без него Уругвај играше девет натпревари (Еден на СП во Бразил, четири на Копа Америка во Чиле и четири во квалификациите за СП 2018).
 
Денес ѝ дојде крај на казната, потврди и ФИФА, така што Уругваецот најверојатно ќе се врати во омилениот дрес на средбите против Бразил и Перу на 25 и 29 март. Што правел Суарез во претходните месеци без репрезентативен фудбал кога не можеше да им помогне на другарите?
 
Кога Диего Форлан се повлече од репрезентацијата, Суарез објави на социјалните мрежи:
„Благодарност Диего. Благодарност за сите моменти на радост, за сè што направи за нашата репрезентација, за сè што ме научи мене како соиграч и другар, на теренот и надвор од него. Секогаш ќе бидеш пример не само за мене, туку за сите играчи. Диего, фала ти за сè“.

 „Напред бандо! Секогаш со вас!" (Пред мечот на Копа Америка 2015-та против Парагвај) кој го гледал од дома.

На 16 јули 2015-та почина последниот жив фудбалер од генерацијата на Уругвај која во 1950-та го освоила Мундијалот во Бразил, Џиџа Алсидес, а Суарез не заброави да испрати сочувство.

„Синоќа почина легендата на уругвајскиот фудбал, човек кој ја прославил нашата репрезентација. Мое сочувство до семејството и пријателите. Благодарност, Џиџа Алсидес".

„Напред Уругвај! Честитки на сите! Тие продолжуваат да ја докажуваат љубовта кон прекрасниот дрес".

„Напред Уругвај! Жестоки момци! Ефикасно! Честитам и горд сум на сите вас", после мечот од квалификациите за СП 2018-та против Колумбија 3:0.

Луис Суарез не го пропушти стартот на Мундијалот во Бразил и покрај операцијата на менискусот. Најзаслужен што го станал на нозе бил физиотерапевтот на репрезентацијата на Уругвај, Валтер Фереира, кој и самиот се борел против ракот. Пред еден месец Валтер починал.

„Денес почина човекот кој ми беше повеќе од пријател. Се бореше од ден на ден не само за себе туку и за другите. Никогаш нема да заборавам што стори за мене, ме научи многу работи во животот кои ми помогнаа. Фала ти што бев во прилика да играм на Светското првенство. Фала ти за сè што му даде на фудбалот. Големо фала и никогаш нема да те заборавам. Искрено сочувство на семејството. Почивај во мир, Валтер".