Offside

На 66 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Италија, вечниот број 6, Франко Барези.

Историјата е испишана, Лестер е во транс

Европските прваци Порто во Лига на шампипони 2004 и Грција на ЕП 2004 не се најголемото изненадување во фудбалот во овој милениум. Тоа се јунаците од Лестер кои машки се бореа од 8 август 2015-та до 2 мај 2016-та и стигнаа до првата шампионска титула во Премиер лигата.

Што значи технологијата за гол линија?

И покрај тоа што многумина кренаа глас против модернизацијата на фудбалот, сепак технологијата за проверка дали топката ја минала гол-линијата сезонава заврши голема работа. Еве ги сите случаи.

Трапатони: Тики-таката ме успива, здодевни додавања

Еден од најхаризматичните трофејни тренери во Европа, Џовани Трапатони изјави дека ужива додека го гледа интензитетот на борба на Атлетико Мадрид, а дека играта тики-така со многу додавања е додевна. 

Ај на ферка, навивачи vs играчи

Не е само Балканов подложен на идиотски сцени кои од пцуење мајка завршуваат со крв. Имуни на насилничко однесување не се ниту во Велс, каде желбата за тепање прво се појави кај еден од фудбалерите.

Добриот глумец, судијата Маринер

Саутемптон со 4:2 го прегази Манчестер Сити. Садио Мане постигна хет-трик во триумфот на „Светците“ и на крајот како што обично е случај со трикратен стрелец, ја зема топката за спомен. Судијата Андре Маринер за малку ќе го растажеше.

Полуфиналистот во Лига Европа е најлош гостин во Европа

Севиља важи за домашна екипа, епитет кој го заслужи со фантастичните резултати на Санчез Писхуан, но на гостински терен сезонава немаат ниту една победа и се единствени во Топ 5 лигите по тоа.

Зошто Раниери нема да ја гледа Челси - Тотенхем?

Доколку вечерва мечот Челси - Тотенхем има било каков исход освен победа на гостите, нов историски шампион во Премиер лигата ќе стане Лестер. И покрај тоа, тренерот на Лисиците, стариот лисец Клаудио Раниери нема мечот да го гледа во живо на Стемфорд Бриџ.

Розберг славеше историски триумф пред Путин во Сочи

Возачот на Мерцедес, Германецот Нико Розберг ја оствари четвртата победа по ред сезонава откако триумфираше на трката за ГН на Сочи во Русија.

Мартин ќе носи маица од Sportvision

Во неизвесна битка за првата позиција го добивме името на победникот на Типстер за месец април.

Шест неделни предлози

Само Арсенал не кутна вчера на тикетот на Мирјана. Одиме со нејзините неделни предлози.

Капетанот прв го напушта бродот во Дортмунд

По Марио Геце и Роберт Левандовски, сега Матс Хумелс ги разочара навивачите на Дортмунд откако изјави дека сака да игра во Баерн Минхен следната сезона. Револтот кај навивачите е до толку поголем, затоа што Хумелс е капитен на екипата кој долго време се колнеше на верност.

Келн останува неостварен сон

Ракометарите на Вардар дрско му се заканија на унгарскиот гигант и се обидоа да испишат историја, но играта и резултатот во првите 30 минути не беа доволни за сензација и пласман во фајнлфор. Македонскиот шампион имаше +4 на паузата, но на крајот ремизираше.

Кроткиот Кротоне е новиот прволигаш во Серија А

Екипата на Кротоне влезе во историјата, откако првпат во своето постоење обезбеди пласман во Серија А за следната сезона. На три кола пред крајот, со ремито во Модена прославија неверојатен успех.

Седум предлози со коефициент 20

На неколку кола до крајот на сезоната во националните првенства, имаме нов тикет од Мирјана со кој ќе се обидеме да го разбиеме малерот кој ни трае од јануари.

Како се расправаат навивач на Интер и навивачка на Јуве

За притисокот врз судиите ги бие лош глас во Италија уште од времето на Ањели и Моџи, па еден огорчен навивач на Интер собирал спорни ситуации од целава сезона со кои нападна навивачка на Јуве која ја слави петтата титула по ред и која се реши за кус одговор. Вака оди тоа по блоговите.

Одбраната на Ливерпул попушти во 92 минута

Фудбалерите на Шахтјор и Севиља одиграа возбудливо реми во првиот полуфинален меч од Лигата на Европа на кој бранителот на титулата се спаси од пораз со пенал на 8 минути до крајот. На Ел Мадригал Виљареал во финишот му го отежни реваншот на Ливерпул.

Нова комедија со Клоп

Стратегот на Ливерпул седнува на прес и зборува за вечерашниот полуфинален дуел од Лига Европа против Виљареал кој го игра на гости. Преведувачот не знае од каде да почне и англискиот на Клоп почнува да го “преведува“ на англиски. Кога се сети што прави прсна цела сала од смеа на чело со Клоп.

Фудбалскиот клуб Идомени

Преку 11.000 бегалци се сместени во импровизирани кампови во грчкото село Идомени, во исчекување дека ќе се отвориат границите за да го фатат патот кон подобро утре во земјите на ЕУ. Во оваа тажна и долга приказна се случи фудбал.

Најверниот 3 годишен навивач

Иако му е рано за буквар, читанка или било каков вид на книга, Рајан Вест веќе го положи првиот испит за верен навивач. Малиот на 3 години ги знае сите играчи на Тотенхем и по број на дрес и по име. Знае кои седат и во стручен штаб, а кажа и третиот голман.

Каде ќе се калат децата на Вардар

На површина од 1.152m2 во кој се сместени 6 соблекувални за децата и тренерите, простор за видео презентации, администатиен простор и други помошни простории, ФК Вардар ја претстави фудбалската академија сместена до арената Филип Втори во која професионално тренираат 400 деца. Како компарација од Вардар велат дека најблиску до оваа академија од ваков тим во регионов е онаа на Партизан. Убаво.

Среќен роденден Симеоне од Интер и Лацио

Има зошто Диего Симеоне го почитуваат и го обожуваат навивачите на овие две италијански екипи кои сигурно во огромна бројка би го пречекале на аеродром доколку им стане тренер. За Интер беше играч (1997-1999 и освои Куп на УЕФА), а за Лацио (1999-2003 и освои Скудето, Куп, Супер на Италија и Супер Куп на Европа). Два моменти по кои го паметат.

Пројдоа времињата кога стариот ја косеше тревата

Иако во првите натпревари на Лестер имаше и такви кои не го разликуваа Канте со Конте, сега во овој клуб се знае кој коси и кој вода носи. Токму екипата задолжена за одржување на тревникот ја доби наградата за најдобра во Премиер лигата.